Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Sinister Days на Revoshot се враќаат по третпат

Започнува третото издание на натпреварот за најдобра хорор фотографија „Sinister Days“. Овој натпревар е нашиот скромен придонес кон поттикнувањето на творењето во овој жанр, како и можност (повторно) да ја истакнеме разноликоста, имагинативноста и моќта на хорор фотографијата.

Жирито за „Sinister Days III“ ќе биде составено од тимот на Revoshot: Ерина, Димитар и Јане. Како и лани, Гоце Велески е задолжен за графичкото претставување на „Sinister Days“.

Фотографиите испратете ни ги до 18ти Ноември користејќи ја формата на оваа страна. Секој автор може да учествува со неограничен број фотографии. Задолжително е фотографиите да бидат ваше дело, и тоа во целост — фотографиите што не се ваши, како и фотографиите со делови од туѓи фотографии монтирани со помош на Фотошоп (или друг софтвер за едитирање) нема да бидат земени предвид.

Сите пристигнати фотографии ќе бидат објавени на Revoshot. Од нив, жирито ќе одбере три најдобри и ќе ги награди. Како и досега, наградите се симболични:

Прво место – фигура Фреди Кругер

Второ место — модел на череп

Трето место — чаша во форма на череп

Го обожаваме овој период од годината — есента е време на необичен креативен полет и иделно време уметничкото око да се соочи со мрачните ќошиња на светот и застрашувачките аспекти на животот. Со нетрпение ги очекуваме вашите фотографии. За инспирација, предлагаме да ги погледнете фотографиите од претходното издание на „Sinister Days“:

Прво место: Ладислав Кинг

Второ место: Јасна Чилиманова Накова

Трето место: Филип Бојковски

Објавено во разно | 21.10.2016 - 14:51
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Коа купуваш Full HD телевизор, пушти го Гоце Арнаудов прво за да видеш дали се гледат сите 5 милиони бои на кошулата. „

@superextrabonus