Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Летен колач со вишни

Ако сте љубител на овошните колачи дефинитивно нема да ве разочара овој лесен, летен колач со вишни.
Pixel.mk

Состојки:

Јајца - 5

Шеќер - 7 лажици

Бело брашно - 5 лажици

Прашок за пециво - По вкус

Млеко (3.2%) - 2 лажици

Пудинг во прав - 1 пакување

Вишни - 200 гр.

Слатка павлака за шлаг - 500 мл.

Инструкции:

Чекор 1:

Одвоете и посебно матете 5 белки и 5 жолчки. Откако посебно ќе ги изматите измешајте ги, додадете по 5 лажици брашно и шеќер и малку прашок за пециво. Сето тоа заедно добро промешајте го, ставете го во калап за печење и печете во претходно загреана рерна 10-15 минути на 200 степени. Не ја отворајте рерната додека бисквитот не се испече.

Чекор 2:

Изладениот бисквит прелејте го со сварената смеса од 2 лажици млеко и 2 лажици шеќер.

Чекор 3:

За филот од вишни на исчистените вишни додајте им шеќер по вкус и потоа варете ги на тивок оган додека тие не пуштат сок. Одвојте ги вишните од сокот на кој потоа ќе му додадете пудинг од ванила и варите додека тој не се згусне. Во готовиот пудинг вмешајте ги вишните и потоа со филот премачкајте го бисквитот. Оставете го колачот да се излади.

Чекор 4:

Врз изладениот колач рамномерно распоредете изматена слатка павлака или пак само шеќер во прав.

19.08.2016 - 16:22
Тагови:

Лајкнете не на Facebook