Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Мини ѕвездички од пуканки

Празничната сезона се ближи полека, но сигурно, па затоа решивме да започнеме со идеи за рецепти кои ќе ја збогатат вашата празнична трпеза и ќе ги стоплат срцата на вашите најмили.
Pixel.mk

Состојки:

шеќер - 1 шолја

гликозен (пченкарен) сируп - 1/3 шолја

вода - 1/3 шолја

путер - 2 супени лажици

ванила - 1 кафена лажичка

сол - 1/4 кафена лажичка

пуканки - 8 шолји

мрвици - 1/3 шолја

Инструкции:

Искомбинирајте го шеќерот со гликозниот сируп, водата и путерот во сад и гответе на среден оган се додека путерот не се стопи, а шеќерот не се раствори. Зголемете го оганот и дозволете смесата да зоврие. Без мешање, гответе додека смесата не се загрее до 125 степени.

Отстранете го садот од оган, додадете ја солта и ванилата. Бргу прелијте ја смесата врз пуканките и нежно промешајте за да ги покриете. Додадете ги мрвиците.

Со намрсени раце, обликувајте ја смесата во форми на ѕвезда (или друга форма по ваш избор). Доколку смесата стане премногу тешка за моделирање, ставете ја во топла рерна неколку минути за да омекне и продолжете.

30.11.2016 - 10:19
Тагови:

Лајкнете не на Facebook