Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Празнични ролатчиња со цимет

Празничната сезона се ближи полека, но сигурно, па затоа решивме да започнеме со идеи за рецепти кои ќе ја збогатат вашата празнична трпеза и ќе ги стоплат срцата на вашите најмили.
Pixel.mk

Состојки:

брашно тип 400 - 3 и пол шолји

шеќер - 1/3

сол - 1 кафена лажичка

брзорастечки квасец - 2 кесички

млеко - 1 шолја

путер на собна температура - 1/4 шолја

јајце - 1

За фил:

шолја - 1/2 шолја

цимет во прав - 2 кафени лажички

путер на собна температура - 1/4 шолја

ситно сечкани ореви по желба - 1/4 шолја

За глазура:

шеќер во прав - 1 шолја

путер - 1 супена лажица

ванила - 1/2 кафена лажичка

млеко - 2 супени лажици

Инструкции:

Во длабок сад добро измешајте две шолји од брашното, 1/3 шеќер, солта и квасецот. Загрејте го млекото на среден оган, но не дозволувајте да зоврие. Додадете го топлото млеко во смесата, како и 1/4 шолја путер и едно јајце.

Мешајте со миксер на најмала брзина 1 минута, и повремено мешајте со лажица за ништо да не остане на дното на садот. Продолжете со средна брзина уште една минута, а потоа додадете го останатото брашно дел по дел и убаво измешајте го со дрвена лажица.

Наросете брашно на работната површина и ставете го тестото на набрашнетата површина. Месете со превиткување на тестото накај вас и растегнување на истото во спротивен правец. Ова правете го околу 5 минути и наросувајте брашно на работната површина доколку тестото почне да се лепи.

Намрсете длабок сад со масло и ставете го тестото во него и покријте го со проѕирна фолија. Оставете го да нарасне на топло место околу час и половина, односно додека двојно не се зголеми.

Во мал сад, измешајте 1/2 од шеќерот и циметот и тргнете ја смесата настрана. Намрсете ја тавата со масло. Teстото растегнете го во форма на правоаголник. Намачкајте го тестото со 1/4 шолја путер по целата површина освен рабовите. Ставете ја смесата од шеќер и цимет, како и оревите (по желба).

Свиткајте го тестото во цврст ролат кој ќе го исечете на еднакви парчиња со дебелина од околу 3 сантиметри. Ставете ги парчињата ролат во тавата, прекријте ги со проѕирна фолија и оставете ги да отстојат 30-тина минути на топло место.

Загрејте ја печката на 175 степени и печете околу 35 минути, односно додека ролатчињата не добијат златно-кафеава боја.

Во мал сад, измешајте ги состојките за глазура во хомогена смеса. Прелијте ги топлите ролатчиња со помош на лажица, и сервирајте ги топли.

30.11.2016 - 10:55
Тагови:

Лајкнете не на Facebook