Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Крцкаво пилешко на скара

Малку работи можат да се споредат со детално приготвено пилешко месо на скара. Пивото кое оди идеално со овој специјалитет е само додаток за дополнување на уживањето.
Pixel.mk

Состојки:

Цело пиле, на парчиња - 1

Црвен кромид - 1 главица

Лук - 2 чешниња

Домати (пелати) - 400 гр.

Кафеав шеќер - 2 лажици

Сок од ананас - 100 мл.

Соја сос - 2 лажици

Сенф - 1 лажица

Мајчина душица - 1 лажица

Сол - По вкус

Инструкции:

Чекор 1:

Пред да почнете со подготовка решетката од скарата добро премачкајте ја со масло. Потоа загрејте ја скарата.

Чекор 2:

Исчистете и исечкајте ги лукот и кромидот кои ќе ви бидат потребни за подготовка на сосот. На среден оган загрејте масло и потоа околу пет минути пржете ги лукот и кромидот, по што ќе ги додадете и останатите состојки за сосот. Сето тоа добро промешајте го и поклопено варете го околу пет минути на тивок оган.

Чекор 3:

Пола од сосот оставете на топло место, а со другата половина премачкајте го месото и печете го на скара по 15 минути од секоја страна, со постојано премачкување.

19.08.2016 - 16:21
Тагови:

Лајкнете не на Facebook