Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Триаголници полнети со мисиркино месо

Некому му се омилени со спанаќ, некому со праз, а нам ни се највкусни кога во рецептот ќе додадеме мисиркино месо.
Pixel.mk

Состојки:

Мелено мисиркино месо - 400 гр.

Кромид (црвен) - 1

Сол и бибер - По вкус

Кори за лиснато тесто - 500 гр.

Јајце - 1

Маслиново масло - 1 лажица

Семки сусам - По вкус

Инструкции:

Чекор 1:

На загреано масло пропржете исечкан кромид на кој потоа ќе му додадете мисиркино месо додека тоа не добие златна боја. Зачинете со сол и бибер и додајте малку вода. Варете околу половина час и секогаш кога малку ќе испари додадете уште малку вода.

Чекор 2:

Развлечете ги корите и исечете ги на коцки. Во средината на секоја коцка ставете малку месо и свиткајте го така за да добиете триаголник. Премачкајте ги со малку јајце и наросете со сусам. Печете 30 минути на 200 степени.

28.07.2016 - 10:14
Тагови:

Лајкнете не на Facebook