Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Кус-кус со бадеми и суво овошје

За кога немате многу време, а сакате да подготвите нешто вкусно и здраво.
Pixel.mk

Состојки:

Кус-кус - 400 гр.

Вода - 400 мл.

Солен путер - 50 гр.

Суво грозје - 40 гр.

Суви кајсии - 40 гр.

Излупени суви бадеми - 40 гр.

Сол - По вкус

Инструкции:

Чекор 1:

Добро измијте и исцедете го сувото овошје. Кајсиите исечкајте ги да бидат иста големина со сувото грозје.

Чекор 2:

Во сад измешајте кус-кус, малку сол, путер исечкан на мали коцки и сушеното овошје и потоа сето тоа залејте го со зовриена вода. Оставете да отстои поклопено додека кус-кусот не ја впие водата. За тоа време потпечете ги бадемите во сува тава и исечкајте ги на ситни парченца.

Чекор 3:

Со виљушка разделете го кус-кусот на помали парчиња со цел да остане воздушест и во него вмешајте ги потпечените бадеми.

19.08.2016 - 16:25
Тагови:

Лајкнете не на Facebook