Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Како акумулаторот да ви трае подолго

За акумулаторите постојат голем број на предрасуди и погрешни мислења.

До најголемиот број проблеми доаѓа поради несоодветното користење и затоа на некои сопственици на автомобили им се случува и еднаш годишно да го менуваат акумулаторот додека на други тој може да им трае и 5-6 години.

Покрај купувањето на акумулатор со соодветен капацитет треба да се води сметка и на празнењето додека автомобилот е во мирување. Доколку автомобилот ретко се вози неопходно е почесто да се контролира напонот на половите. Се смета дека доколку напонот е под 12.4 V акумулаторот треба да се дополнува барем еднаш месечно.

Иако акумулаторот е под гаранција дополнувањето не е забрането доколку тоа се прави според правилата. Секако, и при тој процес акумулаторот не смее да се преполни затоа што тоа го крати драстично неговиот животен век.

Кај поновите возила, со повеќе опрема, еден од клучните фактори при избор на акумулатор веќе не се амперите туку стартната моќ на акумулаторот.

Веројатно не сте знаеле, но голем број компоненти се под напон и кога моторот е исклучен. Тоа се GPS уредот, електронските подигачи на прозори, системот за вбризгување гориво, дигиталниот и аналогниот часовник, како и радиото.

Уште еден непријател на акумулаторот се и вибрциите кои, кога се со поголем интензитет, можат да предизвикаат краток спој кој значи и трајно оштетување на акумулаторот. Токму затоа поквалитетните производители на акумулатори имаат специјални кесички (џеб сепаратори) кои ја спречуваат оваа појава. Покрај тоа, брендови како Exide, имаат и дополнителна заштита при јаки вибрации со која дополнително се продолжува и животниот век на вашиот акумулатор.

Во што друго се разликуваат поквалитетните од останатите акумулатори?

Поквалитетните брендови како Exide навистина овозможуваат експлоатација без одржување, што значи дека нема потреба да се додава дестилирана вода во електролитот. Тие имаат специјална конструкција која овозможува враќање на водата при испарувањето. Покрај тоа, тие овозможуваат и значително поголема струја при студениот старт и имаат поголема резерва на енергија.

Еден од оние модели на акумулатори кој поради својот квалитет добива одлични оценки низ целиот свет секако е Exide Premium Carbon Boost. Модел на добро познатиот американски бренд кој нуди високо концентрирана енергија која се должи на успешната комбинација на голем резервен капацитет и висока стартна eнергија во еден производ и двојно побрзо самополнење.


 
Над 50% побрзо самополнење и 30% поголема стартна струја резултираат со уште двојно продолжен животен век на Премиум класата на Еxide. Новиот Премиум е усовршен за eкстремни услови, за моќни дизел и бензински возила со најмодерна тјунинг опрема и интензивно градско возење. Новиот продукт нуди 30% повеќе стартна сила и е најнапреднатиот конвенционален акумулатор на пазарот. И она на што во Exide се особено горди - просекот на новиот Премиум е дури 7 години.
 
Исто така треба да се истакне и дека Exide дојде до иновација - јаглеродни адитиви кои значително ја подобруваат спроводливоста. Овој ефект го забрзува растворувањето на сулфатните честички и благодарение на тоа имаме и подобро полнење и константна моќ на акумулаторот исто како кога е тој купен.

Тагови:
14.11.2016 - 16:13

Лајкнете не на Facebook