Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип
Pixel.mk

Александра Христов

Сите ме викаат Сандра, а јас си се нарекувам „визуелен ученик“ бидејќи запловив во визуелните води од фотографија до секаков вид на дизајн.

Првиот дигитален фото-апарат си го заработив сама со макотрпна летна работа во ресторан во 2006-та и оттогаш ми е верен сопатник на настани низ Скопје и сите патувања на кои одам во секоја можна прилика. Се трудам да помагам со фото-водилки и совети на мојот блог за патувања (moitepatuvanja.blogspot.com).

Бидејќи имам слаба меморија, се трудам секој детаљ и приказна да го фатам во кадар, за потоа да се присетам на целиот момент и да го доживеам повторно. Сакам чисти монохроматски минималистички сцени исто толку колку и колоритни хаоси, па не можам да си најдам крај во стилот, во секој албум има разлика во атмосферата во зависност од тоа како сум го доживеала местото.

Бидејќи телефонот е почесто со мене отколку апаратот, огромен обожавател сум на инстаграм за доловување на убавите моменти од „обичното“ секојдневие.