Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип
Pixel.mk

Дејан Бошковски

Дејан Бошковски е фотограф кој 10 години ја проучува, ја истражува и што е најважно ја живее фотографската уметност, но последните 5 години активно се занимава со уметничка фотографија.Фотоапаратот му е она што на сликарот му е четката, на писателот перото или на музичарот инструментот.  Неразделен дел од него со кој успева на вистински и оригинален начин да ја собере макар и сета несовршеност и да ја преточи во фотографија со совршен изблик на емоција која ви го зграбува погледот.

Моментално најмногу се занимава со свадбената фотографија, на целосно неконвенционален начин, остава свој белег доловувајќи ја сета љубов и среќа која се чувствува на тој ден, но на толку посебен начин што создава вистинска фото-бајка.

Спонтаноста и умешноста да се фати оној момент на несвесното и природното, да се долови емоцијата која лебди и се претвора во најискрена насмевка или поглед е негова најдобра вештина.  Покрај свадбената фотографија како дел од неговото секојдневие, постојано работи на проекти и идеи преку кои лично се изразува во една уште повисока уметност.