Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип
Pixel.mk

Јане Наумоски

Се викам Јане, триесетгодишен охриѓанец во Скопје. Професионално, дизајнирам веб сајтови и апликации за Android и iOS; ентузијастички, фотографирам. И двете - и професијата и пасијата - секојдневно ме исправаат пред креативни предизвици. И двете ги обожавам. 

Првите фотографии ги направив како „детишче“ -  Охридско Езеро во разни часови од денот и метео (не)прилики, домашни миленичиња во смешни „спиечки“ позиции... Со тек на време, моето детско хоби, малку неочекувано, созреа во вистинска пасија - ме зграпчи и ми покажа дека, да се набљудува и доживува светот низ објективот е неверојатно добра авантура. Од толку многу може да се направи одлична фотка, но претпочитам да фотографирам портрети и дела на природата (океј, и храна :)).

На Revoshot.com блогирам за фотографија. Таму ги споделувам и своите фотки, но и делата на други фотографи, во коишто наоѓам инспирација и поттик за усовршување.