Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип
Pixel.mk

Марјан Петковски

Сакам да ги забележувам малите и едноставни нешта околу себе. Тие го прават животот поубав, побогат. Посебно кога се работи за фотографијата. Сакам да ги видам тие нешта кои често и секојдневно ги одминуваме, да ги доловам како момент и да го споделам тоа со пријателите.
Фотографијата не ми е професија, меѓутоа е нешто кое ме исполнува и преокупира во секојдневието. Роден сум во Скопје, таму израснав. Во мојот дом имало фотоапарати; објективите на татко ми отсекогаш ми го привлекувале вниманието. Отсекогаш фотографирам, но во последните 5-6 години сериозно навлегов во приказната наречена: уметничка фотографија. Ме фасцинира природата. Прекраснотиите кои ги нуди едноставно те тераат да го земеш фотоапратот и да го притиснеш дугмето. Бескрајната инспирација и мотив ми се токму таму, надвор, под небото и над водата! Низ облаците, зад сувите гранки, на клупата со жолт лист. Сакам да го имам зајдисонцето во фолдерот наречен Септември и да ја чувам за спомен фотографијата на старата црква покрај езерото.
Се уште го барам својот правец, стил по кој ќе ме препознаваат, но сметам дека сум минималист. Ја сакам чистата и едноставна фотографија која носи мисла, скриена приказна, парче од мене, од мојот свет!
Она што ме воодушевува и фацинира сакам да го доживеат и оние кои ќе ја погледнат мојата фотографија! Едноставно, зарем не! Барем така звучи!