Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип
Pixel.mk

Весна Тирицовска

Весна Тирицовска има 29 години и моментално живее и работи во Македонија.

По дипломирањето на Филолошкиот факултет во Скопје, заминува на едногодишно студирање на Италијанскиот институт за фотографија (Istituto Italiano di Fotografia) во Милано, Италија.

Еден од жанровите којшто посебно ја интересира е концептуалната уметност. За неа фотографијата претставува бегство од реалноста. Ужива во креирање на нови светови преку употреба на фантастични елементи, необични димензии, специфични бои и мистични ефекти. Токму на тој начин ја претстави својата креативна и техничка вештина на својата прва самостојна изложба.

Сака едноставност. Сака филмови, книги, музика, природа, снег, кафе, облаци, креативни личности и слобода.