Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

АЗИЗЕ ДЕМИШИ: Секој ден добивам пораки со поддршка за блогот

Нејзиниот блог за мода и шминка е еден од најпосетуваните во Македонија. А таа има само 18 години.

Азизе Демиши од Струга е една од најпознатите блогерки за мода и убавина во земјата. Нејзиниот блог Fashion and Makeup постои околу две години и веќе има над 233.000 посети и неколку соработки со модни и козметички брендови. Нејзините дневни модни комбинации се лежерни и младешки, а свечените се вистинска инспирација. Она што навистина го пропелираше нејзиниот блог се шармантните туторијали за шминка во комбинација со нејзината ненаметлива харизма. Пролетва прв пат присуствуваше на Модниот викенд Скопје каде веќе беше препознатливо лице во публиката и вели дека за неа тоа било одлично искуство, многу е задоволна од организацијата и од дружбата со колешките модни блогерки. Разговаравме со Азизе, која сега е матурантка, за блогирањето кај нас, соработките и нејзините инспирации.

„Блогот го имам околу две години, го отворив затоа што бев инспирирана од странските блогерки, па и и јас сакав да си имам свое катче каде што би можела да објавувам модни комбинации, постови поврзани со шминка итн. Почнав многу да учам за шминката и пробав најразлични продукти а и почнав да се усовршувам како мејкап артист и сакав моето знаење да го споделам и со читателите. И покрај моите модни постови почнав за објавувам рецензии, чекор по чекор туторијали, мејкап видеа итн.“

На почеток беше ориентирана кон мода, а од неодамна почна да објавуваш и постови со козметика и се чини си единствената блогерка која посветува значително време и труд на совети за шминка и рецензии на козметички производи. Колку се исплатат времето и трудот посветени на блогот?

- Па мене ми се исплати затоа што се поврзав со неколку козметички брендови. Морам да го издвојам „Макс Фактор“ затоа што беше првиот бренд кој ми подаде рака, потоа „Ингрид козметика“, а сега соработувам и со „Авон' и други. Од модни брендови имам соработувано со „Кимико“ и со Ирина Тошева.

Која соработка со домашен или странски бренд ти е особено драга?

- Соработката со Ирина Тошева за колекцијата „Вила“ ми е една од омилените.

Има ли напредок на македонската блогерска сцена?

- Да, дефинитивно има поголем развој отколку пред две години, ама сепак сè уште постојат луѓе кои не знаат што е тоа блог и што всушност ние блогерите правиме.

Мислиш дека ти и општо модните блогерки во Македонија имате влијание врз модната свест и избор на девојките и жените?

- Не знам како би одговорила на ова прашање. Блогот секојдневно ми е сè повеќе и повеќе посетен, а и секојдневно добивам пораки од девојки што не ги познавам кои што ме подржуваат во ова што го правам, што ми е посебно драго.

Дали би се занимавала со блогирање како професија? Дали светски познатите Камила Коелјо, Сазан, Кјара Ферањи ид руги се твоја инспирација?

- Ако имам добра заработка зошто да не. Да, инспирирана сум особено од Кјара Ферањи, таа беше првата модна блогерка што ја следев и од обична девојка со блог се најде на насловната на „Вог“.

Кои ти се омилени странски блогерки за мода и за шминка?

- Најчесто ги читам блогерките од соседните земји и би ги издвоила Le makeup Freak, Makeup Arena и Adjusting Beauty.

Кои Инстаграм профили ги посетуваш секој ден?

Amrezy hudabeauty chique_le_frique

Од која модна комбинација не би излегла никогаш?

- Бел миди фустан, многу накит и шпиц штикли.

Објавено во | 28.05.2015 - 11:57
Тагови:

Лајкнете не на Facebook