Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Ивана Каран: Се подготвувам за 3ти септември како да е крај на светот

Нè пречека атмосфера на бајка кога влеговме во атељето на Ивана Каран во Куманово. Златни бордури на ѕидовите, лустери со порцелански цвеќиња и закачалки натежнати со раскошни фустани. „Ова е мојот свет“ – ни` објасни дизајнерката што се подготвува за своето деби со модна ревија на 03.09.2016 во Куманово по нејзината работа во Белград.

Често си на релација Србија- Македонија. Раскажи ни` за искуствата и соработките таму. Претходната колекција „Урбан барок“ ја претстави во Белград минатиот декември, а твоето атеље е тука. Србија или Македонија? Што е долгорочниот предизвик? 

Би било многу поедноставно кога би немало граници. Тоа, нам креативците, ќе ни го прошири просторот. (се смее) 

Србија е земја каде сакам да рботам поради моите тамошни соработници што ми даваат неизмерна поддршка, но секако и поради можностите што ги нуди пазарот. Искуството од претставувањето на минатата колекција навистина направи да се пронајдам во Белград. Добив позитивни критики, се стекнав со поддршка од колегите и поставив неколку долгорочни соработки како онаа со еден од врвните шапкари Драган Смиљанич кој специјално за моите колекции изработува шапки, токи и фасцинатори. Она што ме поврзува со Белград е и една многу драга личност бренд Мирјана Дивац што успешно ја гради својата кариера и образование за моден менаџмент во Париз, а со која соработуваме и за потребите на бреддот Ивана Каран. 

Сепак, неопходно ми е да се претставам и пред домашната публика. Тоа претставува природен след на настани и верувајте предизвикот е уште поголем. Реакциите на луѓето со кои сте израснале имаат еднаков ефект како оние на етаблираната модна критика во Белгтад. 

Кој дел од работата најмногу те радува? 

Многу ја сакам работата за и со деца. Правев детска облека за Алек Роберт кој учествуваше  меѓународен детски избор за за убавина и таленти наречен „Принцеза и принц на светот“. За мене беше посебен предизвик да сработам костум на мал принц и целиот процес ме врати во детските соништа. 9 годишниот убавец успеја во конкуренција од претставници од 50 земји да ја понесе титулата  „Prince of the World 2016“ и доби покана за учество во детско стручно жири во 2017. Се радувавме заеднички и детски искрено.  

При крај сте со подготовките за ревијата следниов викенд. Има ли нетрпение? Кои се очекувањата? 

Нетрпение е мал збор за она што го чувствувам. Се подготвувам за 3ти септември како да е крај на светот (се смее). Се присетувам на убавото чувство во Белград по ревијата. Се надевам дека тоа ќе се повтори и по претставувањето пред домашната публика. 

Ревијата на колекцијата „Redingote Reborn“ ќе се одржи на 03.09.2016 во ресторан „Палас“ Куманово со почеток од 21 часот. Очекувам многу гости од земјата и странство чие мислење и критика ќе ми дадат правец за идните колекции. 

Раскажи ни повеќе за колекцијата. 

Колекцијата содржи 13 женски, 5 машки и 7 детски изгледи. Станува збор за уникатни изработки со многу рачна работа во нив. За изработка на само еден фустан беа потребни околу 250 часа работа. Материјалите што се користат се: француски брокат, свила, сатен, дамаск, тантела. Додатоците се од срма, кристали и монистра, а исто така дел од колекцијата се и шапки, фасцинатори и други додатоци. „Redingote Reborn“  е мој креативен опис на едно поинако време со челични вредности на искреност, истрајност и љубов, без разлика на физичката разделеност, што денес ги снемува.  

Што те инспирираше и каков е твојот креативен процес? 

Градам паралели со минатото и визуелизирам приказни од времето на барокот, романтизнот, па наназад сè до ренесансата. Тогашниот раскош, елеганцијата и скромниот сексапил секогаш ме фасцинирале. Во креациите ги користам токму силуетите од овие времиња што ја истакнуваат женската убавина на најсуптилен начин. За машките модели редингот стилот беше појдовната точка како и наполеонските инсигнии што се симбол на моќта, војничкиот дух и силниот карактер на мажите во тоа време. 

Во смисла на процес, атељето е мој затворен свет што ми дава инспирација. Вложив многу во неговото обмислување за да си ивозможам простор каде времето не тече и каде додека креирам заборавам на времето. 

Креациите се чинат бајковити. Живеете ли по малку во бајките?

Кој не би сакал да живее во бајка, па дури и на кратко? Убедена сум дека повеќето жени и безмалку сите невести сакаат да облечат фустан што ќе ги одведе во еден друг свет. Моите креации ја имаат оваа магија. Фустаните се како од бајка, но реални, вистински и прилагодени на денешното време. Голем дел од нив се венчални фустани што приказните со коишто сме заспивале како малечки ги претвораат во јаве. 

Тогаш,  што е вашиот совет за „најважниот ден“ и за венчалниот фустан?

Венчалниот фустан е израз на идентитет. Тој треба да ги исполнува, желбите, соништата и да создава чувство на посебност, убавина и удобност. Сите мои модели претрпуваат трансформации за да се исполнат овие желби на клиентките. Уживам во долгите разговори со идните невести и ги советувам да уживаат во подготовките и обмислувањето на секој детаљ. Тука сум за да им помогнам и да се радувам заедно со нив. Нема поголем успех од тоа да видите како на финална проба клиентката се воодушевува на сопствениот одраз во огледалото. 

Што по ревијата? 

По ревијата ќе следи претставување на колекцијата преку фото приказна. Со мојoт тим веќе работиме на продукцијата. Моделите имаат многу емоција во нив и тоа е потребно да се претстави на публиката. Потоа, очекувам моделите да си го најдат своето место во реалниот свет исполнувајќи желби и правејќи уникатно задоволство на сопствениците. 

Објавено во | 31.08.2016 - 22:52
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Запомни: секогаш биди свој. Освен ако не си ужас. „

Џос Ведон