Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Јована Зука: Среќна сум што сè што работам се надополнува едно со друго

Модната блогерка, фотографка и стилистка Јована Зука верува во мултиталентираноста на нашите креативци и тврди: „Ограничувањата за целосно реализирање на креативниот потенцијал си ги поставуваме единствено самите.“

Нејзиниот моден блог After Two Five  е еден од најпосетуваните и секако еден од највпечатливите на нашата блогерска сцена. Овој „моден дневник“ како што таа го нарекува, е модно рафиниран, естетски скокотлив и креативно инспиративен, а разговорот на модните теми со неа е непресушен. Таа има чиста замисла и беспрекорна реализација за нејзината естетика и токму тоа ја издвојува како фигура во македонската модна сцена што треба внимателно да се следи.

Модното блогирање како професија во Македонија. Дали може да се зборува за заработка од модниот блог како платформа за рекламирање или придобивките доаѓаат во форма на ангажмани како стилист, консултант, фотограф и слично? Кои се допирните точки меѓу твојата првична вокација и модното блогирање?

Со исклучок на одредени вокации со јасни граници, сметам дека за да успееш на професионален план во времето во кое живееме, не е доволно да работиш само една работа и да развиваш само една вештина. Среќна сум што сè што работам се надополнува едно со друго и што една вештина ми помага во понатамошното развивање на друга. Не верувам во модниот блог како платформа за директно рекламирање, ниту во модното блогирање како начин на заработка. За мене, блогот е моден дневник во кој ги собирам и личните објави и приказните создадени преку моите надворешни ангажмани.

Ти си првата модна блогерка од Македонија што направи мини колекција со моден бренд во рамките на Моден викенд Скопје. Кажи ми нешто повеќе за ова искуство: очекувањата, процесот на работа и впечатоците од крајниот резултат.

Проектот Jeansomania кој се случи на иницијатива на Fashion Group Macedonia и кој вклучуваше изработка на мини колекција на маички, беше преубаво искуство. Во оваа компанија работат прекрасни луѓе кои ми дадоа голема доверба и целосна креативна слобода и поради кои процесот на остварување на овој проект се одвиваше беспрекорно. Сите маички беа дадени на подарок, а интересот за нив ги надмина нашите очекувања.

Имаш изградено одлична соработка со дизајнерката Јована Филиповиќ и многумина би рекле дека вашите естетики совршено се вклопуваат. Покрај соработката со нејзиниот бренд во кои други модни проекти си била ангажирана? Снимањето на календарот за Пелистерка беше голем потфат и резултатите се со светски квалитет. Кои се според тебе (ако сметаш дека ги има) ограничувањата од средината во Македонија за целосно реализирање на креативниот потенцијал во ова поле?

Минатата година бев дел од супер проекти почнувајќи од Jeansomania со Fashion Group, едиторијалите со Еликсир Ексклузив парфимерии за нивното списание, создавањето на визуелниот имиџ за последната сезона на Моден викенд Скопје, па сè до продукциски најголемиот проект, календарот на Пелистерка за 2016-та година, на кој имав чест да работам со многу квалитетни луѓе. Ограничувањата за целосно реализирање на креативниот потенцијал си ги поставуваме единствено самите. Иако не живееме во земја која изобилува со луксузни брендови и не сме финансиски доволно моќни како нација, тоа не значи дека не треба да се трудиме да го направиме најдоброто што можеме да го направиме со она што ни се нуди. Имаме многу талентирани луѓе и меѓусебната соработка е од особена важност за развивање не само на модата, туку и сите останати сфери.

Колку се важни според тебе социјалните мрежи во градењето на еден бренд, сметајќи го модниот блог како бренд сам за себе. Кој ти е омилен социјален медиум преку кој сметаш дека најсоодветно се изразуваш?

Социјалните медиуми можат да издигнат одреден бренд на многу повисоко ниво и да придонесат кон создавање на убава конекција со публиката, ако се користат доследно на вредностите, на свој, уникатен начин и со цел да раскажат приказна за идентитетот на брендот. Јас се изразувам визуелно и веројатно поради тоа омилен социјален медиум ми е Instagram.

Глам минимализмот е главна одлика на твојот стил. Кои се твоите омилени парчиња сезонава? Дали сметаш дека навистина е крај на ерата на skinny jeans? Дали би ги избрала нив или ѕвонарките? Ако треба да избереш само еден клучен моден додаток, што би носела?

Сезонава најмногу сакам впечатливи вештачки крзна и современи каубојски получизми во стилот на Hedi Slimane за Saint Laurent, а за пролет ми се допаѓаат костуми во силни бои и големи памучни блузони, сè во духот на колекцијата за пролет/лето 2016 на Vetements. Не сметам дека е крај на ерата на skinny jeans, бидејќи одредени безвременски парчиња облека секогаш можат да се носат на нови начини. Ги сакам и ѕвонарките и boyfriend фармерките и класичните Levi’s mom jeans и многу други типови на фармерки и ги носам без разлика на трендовите. А ако треба да изберам само еден моден додаток, тоа би биле добри чевли. 

Повеќе време и пари трошиш на препаративна или декоративна козметика? Кои производи се дел од твојата дневна рутина за нега?

Повеќе сакам да инвестирам во препаративна козметика затоа што верувам дека негуваната кожа е основа за добра шминка, а процесот на пронаоѓање на препарати кои навистина ја прават кожата поубава и посвежа знае да биде предизвикувачки. Продукт без кој не можам е Ocean Salt пилингот на Lush.

Објавено во | 29.01.2016 - 14:41
Тагови:

Лајкнете не на Facebook