Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Ксенија Котев: Го наоѓам својот внатрешен мир и дизајнирам постојано

Дизајнерката на филигрански накит најави изложба на новата колекција „Скриени приказни“.


Ксенија Котев е звучно име во модниот свет кај нас, поконкретно во доменот на рачна изработка на накит. Дизајнерката го најави претставувањето на новата колекција филигрански накит од сребро „Скриени приказни“ (Hidden Stories) на изложба што ќе биде поставена во сабота 09.04.2016 година со почеток во 19 часот во „Радио бар“ во Дебар Маало, Скопје.

 - Овојпат Котев го зграпчи сонот што на јаве го сонува (Catch a dream) во ритамот на отчукувањето на срцето (Heartbeat) како сребрена жица што се движи под огнот формирајќи филигранска булка во расцветување (Blossom) на распнатата душа.

„Ѕвездите паѓаат полека (Falling star) но поблиску од кога било, 3, една по друга и време е (Time) да се замисли желба (Wish), навистина време е да се „распрсне“ искрата (Spark) на соништата (Dreams), време да бидам, време е да си замислам желба, време е да заборавам но, не и да простам“, вели К.Котев.
Посакувањата (Desires) се заробени во меури (Bubbles), меур на вечниот сон на непосаканото -посакување (Latch) со сребрени солзи леејќи се (Teardrop) ја изградија круната (Crown) на оваа колекција.

Две во едно,(Two into one) за сите црни посакувања на еден или друг начин (One way or another) на веќе познатата (Curve 9) магијата (Spell) е веќе фрлена на вечното заведување, сијамски поврзани со една круна на главите спречени да го видат одразот на среќата.

Новата колекцијата на Котев ќе ве доведе до момент на искушение, а тоа е најслатко - стои во најавата за изложбата со потпис на Милена Ризовска што беше доволен поттик да поразговараме со дизајнерката за нејзиниот креативен процес непосредно пред презентирањето на најновата колекција.

Ти си дипломиран моден дизајнер на Accademia Italiana и магистер по дизајн на аксесоари на Domus Academy. Зошто се одлучи за дизајн на аксесоари?
 - Во една слика прво ги лоцирам деталите а подоцна ја гледам целата слика. Додека студирав моден дизајн секогаш прво ги изработував аксесоарите- накитот, чантите, чевлите, шапките... според  модните додатоци го изработував целиот аутфит.

Филигранот е твоето weapon of choice. Оваа традиционална техника на изработка изискува одлично познавање на физичките својства на материјалот, деликатна изработка и исклучителна креативност за да се создаде парче што е технички совршено, а сепак со инвентивен дизајн. Парчињата како финален производ се деликатни и женствени, а процесот на работа бара физичка спретност. Кој е твојот пристап при изработката на филигрански парчиња? Поконкретно, како течеше креативниот и изведбениот процес за новата колекција?

 - Со по некоја различна кривина, мојот пат до колекцијата е секогаш ист.  Инспирацијата ја доведувам во форма на moodboard. Следат дизајните кои подоцна ги изработувам. Целам кон тоа да ја преточам традиционалната техника во софистициран дизајн.

Употребата на еколошки и рециклирани (reclaimed) материјали при изработката на накит зема замав на светско ниво во изминативе неколку години, со сè поголема заинтересираност и кај потрошувачката публика да носи уникатен, етички и еколошки изработен накит. Ти редовно експериментираш со различни материјали за изработка. Колку кај нас се цени ваквата позадинска приказна на накитот? Дали ги пласираш твоите дизајни на странскиот пазар?

 - Мислам дека секој производ има своја публика така што мојата публика е се позаинтересирана за приказните кои кружат околу секое парче накит. Целта е оваа колекција да патува надвор од границите на Македонија.

Кои ти се идеалните услови за работа? Дали преферираш мирна и изолирана средина или џагор и метеж? Што те инспирира најмногу во Македонија, а што низ светот?

- Немам проблем со било каква средина бидејќи го наоѓам својот внатрешен мир и дизајнирам постојано. Инспирацијата е и овој пат суреална бидејќи се работи за форми, емоции, бои, искуства кои ме опкружуваат низ моето секојдневие во мојот свет.

Екцентричноста и мистичната привлечност на твојот накит соодветствуваат на твојот личен стил и модна аура. Покрај своите, чии парчиња накит би сакала да носиш?

 - Би сакала да поседувам парче уметност од Art Smith и брилијантнata Sophie Hanagarth.

Кои се петте базични парчиња во твојата гардероба за оваа сезона?

 - Било која сезона, базични парчиња кои ме отсликуваат мене пред се накит, црна кошула, црни панталони, црни обувки и црна кожена јакна.

Објавено во | 05.04.2016 - 15:41
Тагови:

Лајкнете не на Facebook