Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Марков: Модата оди рака под рака со храброста

Разговор со дизајнерот зад модната етикета Марков непосредно пред лансирањето на новата колекција.

Претходниот Моден викенд Скопје македонската модна публика се запозна со естетиката на едно ново дизајнерско име што веднаш почна да се поврзува со екстравагантен стил и беспрекорна изработка: Марков.

Дизајнерот кој мајсторството го учеше кај неповторливиот Изет Цури ги сподели со нас неговите визии за модерната урбана жена и стилот кој би сакал да го гледа околу себе, непосредно пред лансирањето на новата колекција со ревија на 13 мај во Музејот на современа уметност.

Новата колекција е продолжение на неговото дизајнерско деби и носи наслов Prêt-à-porter féminin de luxe part deux.

Промотивната фотосесија за колекцијата се снимаше во сè уште неотворениот хотел Marriot во Скопје со фотографот Горан Поповски и модели на модните агенции „Подиум“ и „Црнокрак“.

Јасно беше дека брендот Марков ќе биде барана и препознатлива модна естетика уште со појавувањето на првиот модел на ревијата за претходната колекција. Начинот на кој ја перцепираш и третираш женската силуета е истовремено класично мајсторски и возбудливо нов. Во која насока се движи жената на Марков во новата колекција?

 - Благодарност на прекрасниот заклучок, многу ми е мило и навистина чувствувам искрено задоволство поради големиот интерес кој мојата дизајнерска работа го буди подеднакво кај медиумите и модните конзументи. Во однос на мојата колекција која своја официјална промоција ќе дочека на 13 мај со самостојна ревија во прекрасниот простор на Музејот на современа уметност, можам да изјавам дека сум максимално задоволен од постигнатото, лудо сум вљубен во секое едно парче и со нетрпение очекувам да го споделам со сите модни вљубеници.

Колекција која повторно ја наменувам за  идеалната жена во мојата имагинација, односно личност која претставува карактерен идеал за тоа каква визуелна слика според мене би требало една храбра, урбана, модерна жена да проектира. Колекцијата нуди огромен диверзитет и како и предходната има парчиња со маркантен дизајнерски печат кои може да се комбинираат и употребуваат на многу начини не само во рамките на колекцијата туку и со есенцијални, основни облековни елементи од секојдневната гардероба. Екстремно елегантна но истовремено смела со доза на екцентричност и авангардност. Имено, според мене да се биде модерен подразбира да се има смелост во изборот на гардероба, за мене модата оди рака под рака со храброста при покажувањето на посебноста на индивидуалноста која лежи во секој од нас.

Учеше од еден од најдобрите моделари на овие простори, звучно име и во светски рамки кога станува збор за беспрекорната изработка. Токму тој спој на старото и новото за кој зборував претходно е исклучително опиплив во твоите креации. Што значеше за тебе стекнувањето искуство со Изет Цури?
 - Господин Цури е личност која ми е многу драга, работам и црпам од неговото искуство и сум му екстремно благодарен за огромната поддршка која ми ја дава, поддршка која ми овозможува креативно, дизајнерски да се изразам и да ја реализирам идејата на толку успешен начин. Сигурен сум дека ќе учам од него додека сум жив. Се восхитувам и поистоветувам со огромната страст, посветеност и љубов со која тој се уште работи и му благодарам на целата енергија која ја вложува и што верува во мојот талент.

Жените кај нас неретко избираат впечаток наспроти удобност, особено во посебни прилики, кога станува збор за изборот на гардероба. Дали ја оправдуваш ваквата „жртва“ и до кои граници сметаш дека би можела да биде прифатлива?
 - Интересно прашање, неретко парчињата гардероба кои се најблескави во однос на постигнување на голем ефект се и неудобни, тоа едноставно секогаш така било и така и ќе остане. Тоа е еден вид на слатка мака, исто како и кога носите високи потпетици, според мене колку повисоки толку подобро.

Облеката не го прави човекот, но од друга страна, облечи се за работата/улогата/животот што ги посакуваш. Дали сметаш дека жените кај нас се облекуваат за да истакнат одреден статус, да се изразат креативно или едноставно за нив облеката е само уште една неопходност на секојдневието?
 - Сметам дека постојат жени кај нас како и во секој дел од земјината топка од сите три категории кои ги набројавте. Тоа што можам да кажам е дека гардеробата е создадена за да создава некава илузија и да праќа одередена порака, искористете ја таа нејзина моќ во вистински момент и на вистински начин и ќе бидете непобедливи!

Кои се моментите во кои би сакал да видиш посмело дотерани луѓе низ градот?
- Во секој момент би сакал да видам посмел избор на гардероба, кога и каде и да свртам глава. Навистина има многу малку припадници на обата пола кои можат да се рече дека се издвојуваат по прашање на модни избори или стил.

Кои се според тебе жени со исклучителен стил меѓу јавните личности кај нас?
 - За жени со исклучителен стил од сферата на јавни личности апсолутно за жал на овие простори е апсурдно да се коментира, бидејќи нема.

На која јавна личност би сакал да ѝ направиш style makeover?
 - Не би одел толку далеку да сакам да направам на конкретна јавна личност style makeover, бидејќи не би сакал да соработувам со личност чиј што досегашен имиџ не го почитувам. Од друга страна, ако зборуваме за стилизирање на јавна личност како Каролина Гочева, која долгогодишно е под крилјата на Цаци Паковска која успешно се грижи за нејзиниот стил, дефинитивно би сакал во одредена прилика да имам можност да допринесам во целокупниот нејзин имиџ.

Објавено во | 10.05.2016 - 13:47
Тагови:

Лајкнете не на Facebook