Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Роберт Ивановски: Имаме квалитетни дизајнери со препознатлив производ

Моден викенд Скопје, модната сцена кај нас, социјалните медиуми се дел од темите на кои разговаравме со неповторливиот Роберт Ивановски.

  • Неговите ревии и колекции се очекуваат со нетрпение, а разговорот за нив продолжува уште долго по презентацијата. По мала пауза Роберт Ивановски се врати на Моден викенд Скопје со колекција за пролет/лето 2016 и ја разбранува публликата со подеднаква доза свежина и сексапил. Токму затоа уште повозбудливо беше да ги начнеме модните теми во разговор со него.

     

    Какво беше чувството да се вратиш на Моден викенд Скопје после неколку сезони и тоа со еден сосема поинаков израз и тоа за една сезона напред? Колку си задоволен од приемот на новата колекција од публиката?

    Можеби ова е најсветлата и најживата колекција во моето портфолио, но сметам дека јасно е видлив мојот дизајнерски пристап. Не сакам да се лимитирам себеси и да бидам заробен во сопствена ќелија, затоа сакам промени, експерименти… Бидејќи имав мала пауза од модната сцена, постоеше мала трема, но на крајот од денот се се заврши според планот, задоволен сум од приемот кај публиката и од самиот себе за постигнатиот резултат. Во следниов период ќе се работи на едиторијал, да се заокружи целата приказна, а за други промоции можеби подоцна, но за тоа потоа.

    На тема FWSK, дали си задоволен од организацијата на единствената платформа за презентација на дизајнерите кај нас? Што се смени позитивно и негативно од последниот пат кога учествуваше?

    Имам одлична соработка со тимот на FWSK, па секогаш наоѓаме најдобро решение да бидат задоволени двете страни. Ако сакаме да најдеме критика, ќе успееме во намерата, но да гледаме позитивно на целиот настан и да го подржиме за истајноста како единствен од ваков карактер во земјава.

    Во која насока се движи модниот дизајн кај нас? Дали може да се зборува за препознатлив извозен македонски моден дизајн?

    Имаше период кога засилено се работеше на оваа тема и имаше надеж дека македонската мода се движи во одличен правец, но сега како да стоиме во место. Едноставно се плашиме да направиме следен чекор. Имаме квалитетни дизајнери кои дефинитивно имаат препознатлив производ, но за да функционира успешно сето тоа постојат многу фактори, каде дизајнерот е само дел од таа целина.

    Дали сметаш дека соработката со медиумски познати лица кај нас или преку фотосоработки со блогери се помага да се пренесе модниот дизајн до поширока публика?

    Секогаш сум отворен за соработка, без разлика дали станува збор за медиумски лица или модни блогери, ама резултатот кој треба да се постигне не е задоволувачки, затоа изминатиов период и немав интерес за ваков вид на маркетинг. Немаме естрада за да функционира тоа така. Ако во светот тоа е најголем маркетинг, кај нас е многу мал.

    Социјалните медиуми веќе се значителен дел од градењето на присуството на еден бренд. Кој е твојот став за нив и каде ја повлекуваш границата меѓу професионалното и приватното на социјалните мрежи?

    Факт е дека социјалните мрежи помагаат за подобар пласман на еден бренд . Тие овозможуваат полесен контакт и полесна достапност на информации. Без разлика дали водите некој бизнис или не, сметам дека на социјалните мрежи не треба да се сервира целата своја приватност, треба да постои граница, не заради брендот туку заради себе како човек.

    Дали сметаш дека има подобрување на уличната мода кај нас? Дали може да се зборува за машка мода кај нас?

    Секако дека има подобрување на уличната мода во градов, особено кај машката популација. Многу често низ Скопје може да се видат стилски средени мажи и жени, па секако дека може да се зборува за машка мода.

    Кои се твоите омилени парчиња за сезонава?

    Широки и долги блузони, долги кошули, бомбер јакни... се дел од моите омилени парчиња оваа сезона.

    Фото: Миладин Паповиќ/Ани Дими

     

     

Објавено во | 17.11.2015 - 22:13
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Црна мачка што ти го пресекува патот значи дека животното оди некаде. „

Гручо Маркс