Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Сара Ацевска: Љубопитна сум како ќе тече соработката со My:Time во 2016

Македонската модна блогерка Сара Ацевска е прва со договор за заштитно лице на брендот рачни часовници Фосил за Македонија.

 

 

Сара од блогот Sara Simplified негува минималистистички стил, па и целата нејзина појава и философија за модата се движат во таа насока. Таа е победничка во изборот на заштитно лице за часовниците Фосил во организација на My:Time и Skopje Casual. Зборувавме со неа за блогерскиот предизвик, плановите за 2016 и животот како блогерка.

Да почнеме со најновата и најголемата вест: ти си прва блогерка во Македонија што е заштитно лице на светски бренд, часовниците „Фосил“. Колку целиот блогерски предизвик и резулатите го сменија твојот поглед кон блогирањето? Дали се потврдува изреката дека со големи привилегии доаѓаат и големи обврски? Каква е соработката со тимот на Мај тајм засега?

Јас сум на самиот почеток на соработката со My:time, па и самата сум многу љубопитна како ќе тече понатаму. Блогерскиот предизвик за мене беше можност да се посветам малку посериозно на блогирањето додека максимално уживам во тоа што го правам. Едвај чекам да имам некаков резултат што ќе можам да ви го покажам од соработката, тоа би било на почетокот на 2016.

Какви се реакциите од околината, искуствата во текот на целиот процес?

Изненадувачки позитивни. Кога го отворив блогот очекував секакви реакции, но дефинитивно не очекував толку позитивна енергија и поддршка од сите.

Пред колку време го почна блогот? Дали забележуваш промена на блогерската сцена кај нас? Какви се интеракциите со другите модни блогерки?

Минатиот месец блогот ми наполни една година, па мислам дека не го имам доволно долго за да забележам некоја драстична промена. Годинава се појавија неколку, според мене, многу квалитетни блогери. Уште едно нешто што ми ја обележа 2015 година се сите прекрасни луѓе кои ги запознав благодарение на блогот, сите соработки со други блогерки и дружби.

Во последно време се актуелизира темата дали модното блогирање може да биде професија. Ти студираш архитектура, кои се допирните точки помеѓу овие две работи? Взаемно се исклучуваат или се надополнуваат?

Никогаш не сум гледала на блогирањето како професија, повеќе како хоби кое ми го исполнува времето кога не работам нешто друго. Целиот живот знаев дека ќе работам нешто креативно, па така блогувањето е совршено надополнување на мојот факултет.

Дури и најголемите светски модни блогерки добиваат критики дека стануваат подвижни реклами на големи брендови, што се коси со основната идеја дека модните блогери се онаа искрена врска меѓу производот и потрошувачот, дека тие треба да бидат создавачи на уникатниот наспроти унифицираниот изглед. Каква е ситуацијата со нашите блогерки?

Мислам дека ова е најголемиот проблем со кој се соочуваат блогерките, како да не си ја изгубат индивидуалноста додека го претвораат блогот во нешто посериозно од само хоби. Повеќето блогерки се мачат со ова, па се невешти на почетокот, ама после некое време се враќаат на својот стил.

Eдноставноста на твоите фотографии во предизвикот сигурно беше онаа иницијална привлечност за пошироката публика што ти ја донесе и победата. Способноста рано да се изгради личен стил е реткост. Што те води тебе во изборот на облека кога одиш во шопинг и кога избираш комбинација?

Немам некое правило, купувам и облекувам тоа што ми се допаѓа. Правилото ми е дека секое ново парче облека треба да ми одогвара со повеќето кои ги поседувам, едноставна девојка сум. Не би купила нешто ако немам со што да го искомбинирам без разлика колку ми се допаѓа. Исто така во последно време се водам според квалитет > квантитет.

Никогаш два пати во ист аутфит. Да или не?

Дефинитивно не. Кога почнав да се сликам за блогот сфатив колку често носам некои парчиња.

Кои ќе бидат твоите must have парчиња и бои оваа сезона?

Over-sized шалови, мислам дека откако го купив го носам секој ден, и црна боја како и секоја сезона. Не се менувам многу со промената на сезоната.

Објавено во | 31.12.2015 - 14:23
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Запомни: секогаш биди свој. Освен ако не си ужас. „

Џос Ведон