Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Баерн падна во Ростов, Бешикташ од 0:3 до 3:3, Меси го реши Селтик

Најголемото изненадување во петтото коло од Лигата на шампионите го направи екипата на Ростов која на свој терен беше подобра од гигантот од Минхен. Нови два гола на Меси, бод доволен за Сити, фантастичен камбек на Бешикташ.

Нешто што ретко се случуваше изминативе неколку години се случи оваа сезона веќе по пет одиграни кола од групната фаза во Лигата на шампионите во која тимот на Баерн веќе успеа да запише два пораза.

Првиот се случи во првото коло против Атлетико во Мадрид, а вториот, на големо изненадување, синоќа во Ростов каде домашната екипа го совлада тимот на Карло Анчелоти со 3:2. Стрелци во историската победа на Русите беа Асмун, Полоз и Кобоа во периодот од 44. до 67. минута. Недоволни за Баварците беа погодоците на Коста и Бернат, а за утеха може да им послужи фактот дека и со овој пораз тие одат во следната рунда, но како второпласирани во групата Д.

Својот пласман во осминафиналето синоќа го обезбеди и екипата на Манчестер Сити на која за тоа и беше доволен бод на гостувањето во Менхенгладбах. Стрелец на тој гол доволен за бод, по погодокот на Рафаел, беше Давид Силва. Во истата група најверојатен освојувач на првото место ќе биде екипата на Барселона која синоќа во Глазгов, со двата погодока на Лионел Меси, славеше со 2:0. За Аргентинецот тоа беа осмиот и деветтиот гол оваа сезона во ЛШ во која има и две асистенции.

Во групата Б фантастичен камбек пред своите навивачи приредија фудбалерите на Бешикташ кои по 31. минутa беа во минус од 0:3 против Бенфика. Предност која гостите ја имаа до 58. минута кога преку Тосун почна камбекот кој го комплетираа Кварезма во 83. и Абубакар во 89. минута за конечни 3:3.

Со тоа реми и ремито без голови во Неапол меѓу Наполи и Динамо Киев остана отворена битката за првите две места во групата.

Битка која нема да се води во групата А во која пред последното коло нејасно е само кој ќе биде прв, а кој втор, Арсенал или ПСЖ. Двете екипи синоќа ремизираа 2:2 во Лондон и по пет кола имаат по 11 бода.

РЕЗУЛТАТИ

Група А:

Арсенал – Пари Сен Жермен 2:1 (1:1)
/Жиру 45+1, Верати 60аг - Кавани 19, Лукас 76/

Лудогорец – Базел 0:0

Табела: Арсенал 11, ПСЖ 11, Базел 2, Лудогорец 2.

Група Б:

Наполи – Динамо Киев 0:0

Бешикташ – Бенфика 3:3 (0:3)
/Тосун 58, Кварезма 83, Абубакар 89 - Гуедеш 10, Семедо 35, Фејса 31/

Табела: Бенфика 8, Наполи 8, Бешикташ 7, Динамо 2.

Група Ц:

Борусија Менхенгладбах – Манчестер Сити 1:1
/Рафаел 23 - Силва 45+1/

Селтик – Барселона 0:2 (0:1)
/Меси 35, 55/

Табела: Барселона 12, Манчестер Сити 8, Борусија 5, Селтик 2.

Група Д:

Атлетико Мадрид – ПСВ 2:0 (0:0)
/Гамеиро 55, Гризман 66/

Ростов – Баерн Минхен 3:2 (1:1)
/Асмун 44, Полоз 50, Кобоа 67 – Коста 35, Бернат 52/

Табела: Атлетико 15, Баерн 9, Ростов 4, ПСВ 1.

Тагови:
24.11.2016 - 09:53

Лајкнете не на Facebook