Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Деветти гол на Несторовски за само трета победа за Палермо

Битката на Палермо за останување во Серија А продолжи и со последното, 23-то коло во кое тимот од Сицилија успеа да избега од претпоследното место на табелата.

Палермо во директен дуел со минимални 1:0 беше подобар од Кротоне, а стрелец на тој гол вреден три бода беше Илија Несторовски во 27. минута. За Македонецот тоа е деветти гол оваа сезона, доволно за 11. место на листата на стрелци во Серија А.

Сепак, и покрај одличната дебитантска сезона на Несторовски во Италија, Палермо се уште е далеку од посакуваното 17. место на кое се наоѓа Емполи со 22 бода, осум повеќе од калчолигашот од Сицилија.

06.02.2017 - 10:24