Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Коста за прво место, Конте за историја

Со својот десетти гол оваа сезона Диего Коста во неделата му донесе нова победа на својот Челси, кој по 12 одиграни е нов лидер на Премиер лигата.

Бразилецот со шпански пасош, во ситуација кога беше опкружен со пет играчи на Мидлсбро успеа да погоди за конечни 1:0 во 41. минута и шеста победа во низа без примен гол. Нешто што претходно не му пошло од рака на ниту еден тренер во историјата на Челси. Прв со такво достигнување во 111 години долгата историја на „сините“ од вчера е Антонио Конте.

Челси по 12 одиграни кола има 28 бода, еден повеќе од Ливерпул и Манчестер Сити и три повеќе од Арсенал.

21.11.2016 - 09:28