Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Легија го поништи голчиштето на Бејл

Најинтересниот натпревар во вториот ден од четвртото коло од Лигата на шампионите дефинитивно се одигра во Варшава каде аутсајдерот Легија успеа да го изненади шампионот Реал Мадрид.

Гостите веќе во првата минута поведоа преку голчиштето на Бејл, по што Бензема во 35. минута зголеми на 2:0. Сепак, наместо лесни три бода за Реал потоа следуваше пресврт и три погодока на Легија која поведе со 3:2 во 83. минута преку Радовиќ, Оџиџа и Мулин.

Сензација и историска победа на Полјаците три минути подоцна спречи Ковачиќ, иако и ова реми ќе остане запишано со големи букви во клупската историја на Легија која го освои и првиот свој бод во ЛШ.

03.11.2016 - 10:17