Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Мата го реши досадното дерби на Манчестер

Големото дерби на Манчестер синоќа во рамките на осминафиналето на англискиот Лига куп не воодушеви никого, освен можеби навивачите на Јунајтед кои се радуваа на победата од 1:0.

Решавачкиот гол беше дело на Хуан Мата во 54. минута за прв пораз на Пеп Гвардиола во дуелите со гигантот од Олд Трафорд и четврта победа на Жозе Мурињо во пресметките со шпанскиот стратег.

Ова воедно беше и шести меч во низа на кој Сити не успеа да оствари победа со што „граѓаните“ останаа без триумф во месец октомври.

27.10.2016 - 09:43