Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Перишиќ го спаси Интер во 93. минута од миланското дерби

Последниот меч од 13. коло во Серија А со себе го донесе и дербито на колото, дербито со кое се заокружи викендот на големи дуели ширум фудбалска Европа.

Дерби кое нималку не разочара, особено кога се во прашање неутралните фудбалски фанови кои беа сведоци на четири погодока и реми од 2:2 до кое Интер дојде во последните моменти од средбата. Стрелец на тој гол за спас на „нероазурите“ беше Иван Перишиќ во третата минута од судиското надополнување откако „росонерите“ се повлекоа во последните десетина минути од дербито, чувајќи ги своите 2:1.

Предност која не успеаја да ја сочуваат, а која им ја донесе одличниот Сусо, стрелец на двата погодока за Милан со кои тој стана првиот Шпанец стрелец во големото дерби уште од 1962. година и Луис Суарез. Одличен погодок на спротивната страна за 1:1 во 53. минута постигна Антонио Кандрева.

Со ова реми Милан не успеа да скокне на второто место на кое со 26 освоени бода, но и подобра гол-разлика остана Рома. Лидер е Јувентус со 33 бода, а еден бод помалку од третиот Милан имаат Лацио и Аталанта. Интер е деветти со 18 бода.

Тагови:
21.11.2016 - 09:44

Лајкнете не на Facebook