Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Рекордни 8:4 во Дортмунд!

Фудбалерите на полска Легија успеаја да постигнат дури четири погодоци во Дортмунд, но на крајот ниту тоа не им помогна да избегнат убедлив пораз.

Од синоќа Лигата на шампионите има нов рекорд кога е најефикасниот натпревар во историјата на елитното европско натпреварување во прашање.

Автори на новиот рекорд се фудбалерите на Борусија Дортмунд и Легија кои во неверојатниот меч одигран во Германија постигнаа вкупно 12 погодоци. На крајот - 8:4 за домаќините и еден гол повеќе од досегашниот рекорд кој го држеа Депортиво Ла Коруња и Монако кога Французите славеа со 8:3.

Рекордни се и првите 45 минути во кои публиката во Дортмунд виде седум голови и предност од 5:2 на „милионерите“. Стрелци за Борусија, по ред, беа Кагава во 17. и 18. минута, Шахин во 20-тата, Дембеле во 29-тата, Ројс во 32, 52, Паслак во 81. и на крајот пак Ројс, во 93. минута. Головите за гостите од Полска ги постигнаа Пријовиќ во 10. и 24, Кучаржик во 57. и Николиќ во 83. минута.

Во сенка на случувањата во Германија останаа победите на Реал Мадрид во Лисабон од 2:1 благодарение на погодокот на Карим Бензема во 87. минута. Победа по која дербито во последното коло ќе одлучува дали Реал или Борусија ќе ја освои групата Ф.

Важен триумф синоќа оствари Јувентус кој со 3:1 славеше со пресврт во Севилја, но дури откако спорно во 36. минута беше исклучен Васкез, а во финишот на првиот дел Маркизио од пенал изедначи на 1:1. Бонучи во 85. и Манџукиќ во 94. минута беа стрелци на двата гола за победа на „старата дама“ која со тоа обезбеди пласман во следната рунда. Јуве има 11 бода, еден повеќе од Севилја и четири повеќе од третиот Лион кој на „нула“ го остави Динамо со победата на гости од 1:0.

Во следната фаза е и Монако кој со 2:1 го совлада Тотенхем на свој терен и стигна до бројката од 11 освоени бода. Од претходно во осминафиналето е и Лестер, кој со 13 бодови е лидер во групата Г по победата од 2:1 над Бриж. Втор е Порто со осум бода по ремито без голови во Копенхаген.

Тагови:
23.11.2016 - 09:41

Лајкнете не на Facebook