Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Роналдо „златен“ по 4-ти пат!

По четврти пат во својата богата кариера Кристијано Роналдо синоќа се закити со „Златната топка“ на „Франс фудбал“.

Првата ја освои во 2008-ма, на следната чекаше цели пет години за потоа да врзе две „Златни топки“ во низа. Четвртата во својата импресивна колекција Кристијано Роналдо ја додаде синоќа во Париз каде беше прогласен за најдобар европски фудбалер за изминатата сезона во која тој со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите и се искачи на европскиот трон со Португалија.

Суперстарот на Реал од оправдани причини не се појави на церемонијата во Париз, со оглед на тоа дека со „кралевите“ е во Јапонија на Светското клупско првенство.

Со ова свое остварување 31-годишниот Португалец се доближи на само една „Златна топка“ од својот голем ривал Лионел Меси. Покрај тоа, Роналдо со оваа награда стана Европјанин со најмногу освоени трофеи откако до синоќа првото место го делеше со легендите Мишел Платини, Јохан Кројф и Марко Ван Бастен.

Инаку, само за информација, по прекинувањето на соработката помеѓу ФИФА и „Франс фудбал“ францускиот магазин ги задржа правата за името на наградата. ФИФА на своја церемонија во јануари во Швајцарија ќе ја додели својата Златна топка.

Тагови:
13.12.2016 - 09:55

Лајкнете не на Facebook