Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

34 поени за 12 минути на Кевин Лав, 149 поени за 48 минути на Голден Стејт

Два нови НБА рекорди за актуелната сезона беа поставени синоќа во Кливленд и Оукленд, а во главните улоги се најдоа Кевин Лав и комплетниот тим на Вориорси.

Пред дуелот со Портланд личен рекорд за Кевин Лав во дресот на Кавси беше 34 постигнати поени. Бројка која крилниот центар ја изедначи веќе по првата четвртина, поставувајќи нов НБА рекорд за поени од еден играч во првата четвртина на еден меч.

Во отворањето за паметење Лав успеа да погоди осум тројки (шут од игра 11/14, 8/10 за тројка, 4/4 од линијата за слободни) на патот до неверојатните 34 поени и остана покус за само три поени од актуелниот НБА рекорд за поени во една четвртина кој минатата сезона го постави Клеј Томпсон со своите 37 поени.

До крајот од средбата Лав постигна уште само шест поени и титулата на прв стрелец на дуелот ја подели со Демиен Лилард од Блејзерси.

Шампионот, благодарение на одличниот старт на Лав, но и на трипл-даблот на Леброн Џејмс од 31 поен, 13 асистенции и десет скокови славеше со 137:125 за најефикасната партија од една екипа оваа сезона. Рекорд кој траеше само неколку часа, односно до гостувањето на Лејкерси во Оукленд.

Таму домашните Вориорси на вистински начин им се одмаздија на Лејкерси за неочекувано убедливиот пораз од 5-ти ноември, постигнувајќи дури 149 поени за 48 минути. Бројка која е највисока во НБА натпревар без продолженија уште од 2010-та и дуелот помеѓу Санси и Вулфси кој заврши со конечен резултат 152:114.

Шампионот на Западот на крајот славеше со 149:106, а статистика која делува веројатно најимпресивно е бројот на асистенции, односно 47 асистенции како тим што е најмногу за една екипа уште од 1991. година и тимот на Феникс.

Импресивно е и тоа дека играчите на Голден Стејт не ни пробаа да постават нови рекорди со оглед на фактот дека најголема минутажа кај нив имаше Кевин Дурент со 30 минути. Крилото постигна 28, Стеф Кари беше најефикасен со 31, Клеј Томпсон додаде 26 поени за 24 минути, а резервата Иан Кларк ги следеше со 21 поен за 18 минути.

Тагови:
24.11.2016 - 10:44

Лајкнете не на Facebook