Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Дирк Новицки се запиша во клубот „30.000“

Од синоќа Германецот е дел од одбраното НБА друштво од кое пред него дел станаа само уште пет легенди.

Карим Абдул-Џабар, Карл Мелоун, Коби Брајант, Мајкл Џордан, Вилт Чембрлен и од синоќа - Дирк Новицки. Тоа е големата НБА шесторка од која Германецот синоќа стана дел по своите 25 поени во победата на Мавси над Лејкерси.

Пред дуелот со гостите од Лос Анџелес на Новицки му беа потребни 20 поени да ја мине границата од 30.000 поени, граница која тој ја помина веќе на почетокот на втората четвртина, со шут во негов стил за ерупција во арената во Далас.

До магичната бројка ветеранот стигна во својата 19-та НБА сезона додавајќи уште едно големо остварување на листата импресивни достигнувања кои само го зацврстија неговото место на врвот на најдобрите европски кошаркари на сите времиња. 

Секако, доколку ова лето не се одлучи за заминување во пензија, за Новицки ќе биде достижно и петтото место на вечната листа на кое во моментов Чембрлен има 1.400 поени повеќе од Германецот.

Човекот заслужен за вонсерискиот шут на Дирк, неговиот сонародник Холгер Гешвинднер не можеше да ги скрие емоциите по големото остварување на неговиот ученик. Честитка до Новицки стигна и од актуелниот НБА шампион и МВП на последното финале, Леброн Џејмс, кој е следниот кој се доближува до членство во клубот 30.000. Како и од неговиот поранешен соиграч, двократен НБА МВП и голем пријател, Стив Неш и од големиот ривал додека и двајцата настапуваа на Западот, Кевин Гарнет.

Тагови:
08.03.2017 - 09:48

Лајкнете не на Facebook