Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Хокси за прв пораз на шампионот, Картер-Гасол со звукот на сирената

По само две неделни од новата НБА сезона веќе немаме непоразени екипи откако Атланта среде Кливленд успеа да ги совлада Кавси. Марк Гасол со звукот на сирената ги реши Нагетси.

Точно две седмици требаше да изминат од новата НБА сезона да се дојде до моментот ниту една екипа да нема совршен старт. Последен тим кој пред синоќешните дуели имаше перфектен старт беше шампионот Кливленд, но тоа се смени по гостувањето на Хокси кои дома си заминаа со својата петта победа оваа сезона.

Атланта (5-2) со 110:106 ги изненади Кавси откако лидери во големата победа беа Денис Шродер со 28, Кент Бејзмор со 25 и Пол Милсеп со 21 поен. Двајт Хауард беше задржан на само 7 поени, но успеа да додаде 17 скокови.

Недоволни за продолжување на совршениот старт на шампионот беа 29 поени на Кајри Ирвинг како и 24 поени и 12 скокови на Кевин Лав и 23 поени и девет скокови на Леброн Џејмс.

Во Мемфис на 0.7 секунди до крајот гостите од Денвер имаа предност од 107:106 и беа на чекор од нова победа. Сепак, тоа го спречија ветеранот Винс Картер и Марк Гасол со својата акција од тајм-аут со која на Гризлис им донесоа триумф од 108:107.

Гасол одлично се ослободи, а Картер го пронајде со додавање кое од одбојка Шпанецот го претвори во поени за победа, четврта оваа сезона за Мемфис (4-4). Токму Картер со 20 поени беше најефикасен кај домаќините за кои Гасол додаде 19 поени. Емануел Мудије со 23 и Данило Галинари со 21 поен беа лидери на Денвер (3-4).

Тагови:
09.11.2016 - 10:32

Лајкнете не на Facebook