Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Ибака за победа против „своите“, рекордни 47 поени на Вигинс

Синоќешните дуели во НБА лигата ги одбележаа Серж Ибака, со партијата на кариерата и поените во последната секунда за победа на Орландо во Оклахома Сити, и Ендрју Вигинс, со неговиот личен рекорд во триумфот на Вулфси над Лејкерси.

Својот камбек во Оклахома Сити Серж Ибака го заврши со најефикасната партија во кариерата и поени за победа по акцијата која беше нацртана токму за него во последниот напад на Орландо. Нешто што не се случуваше додека тој го носеше дресот на Тандер.

Крилниот центар погоди преку Стивен Адамс во последната секунда за конечни 119:117 и точка на првата 30+ партија во НБА кариерата, завршувајќи ја вечерта со 31 поен, девет скокови и четири блокади.

Елфрид Пејтон додаде 23 поени и девет асистенции, а Еван Фурние 21 поен за гостите додека недоволен за Тандер беше Расел Вестбрук со 41 поен, 12 скокови и 16 асистенции, но и едно клучно нереализирано слободно фрлање и напад во последната минута.

Во Минеаполис синоќа партија на својата млада кариера одигра Ендрју Вигинс кој со личен рекорд од 47 поени ја предводеше Минесота до победа од 125:99 над Лејкерси.

Поранешниот прв пик погоди 14/21 во обидите од игра (17/22 од линијата за слободни), а имаше помош и во Немања Бјелица со 24 поени и Карл-Ентони Таунс и неговите 22 поени и 12 скокови. Лу Вилијамс со 17 поени беше најефикасен кај гостите од Лос Анџелес.

Тагови:
14.11.2016 - 10:06

Лајкнете не на Facebook