Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Клиперси лесно до 7-1, Шарлот на 6-1, вечер на Харден и Дерозан

Најдобриот скор во лигата по половина месец го има тимот на Клиперси кој синоќа немаше мака во домашниот дуел со Портланд. На делба на најдобриот скор на Истокот се Хорнетси, а својот одличен старт на сезоната синоќа го продолжија Дерозан и Харден.

Веројатно ретко кој, по се што се случуваше изминатово лето, ќе прогнозираше дека токму екипите на Клиперси и Хорнетси по половина месец од новата сезона ќе се најдат на врвот на своите конференции.

Поточно, Клиперси со своите 7-1 го имаат и најдобриот скор во лигата, остварување до кое стигнаа прилично лесно синоќа дома против Блејзерси, славејќи со 111:80. Прашањето на победникот беше решено веќе во првото полувреме, а Блејк Грифин со 22 поени и 13 асистенции беше нивен лидер. Крис Пол додаде 16, а Диандре Џордан 16 поени и девет скокови.

На изненадувачки 6-1 синоќа пред својата публика стигнаа Хорнетси кои со 104:98 беа подобри од Јута (5-4). Кемба Вокер со 21 и Марвин Вилијамс со 19 поени и осум скокови беа најдобри кај домашниот тим. Улога која кај Јута ја имаа Гордон Хејворд со 29 и Родни Худ со 20 поени.

На скор 6-2 од синоќа се Хокси кои дома со 115:107 беа подобри од Чикаго, само една вечер откако во Кливленд му го нанесоа првиот пораз на НБА шампионот.

Табо Сефолоша со 20, Двајт Хауард со 18 поени и десет скокови и Пол Милсеп со 20 поени и 11 скокови беа лидери на Атланта додека недоволен за Булси (4-4) беше Џими Батлер со своите 39 поени. Двејн Вејд го следеше со 25 поени.

Својот фантастичен старт на сезоната синоќа во Оклахома Сити го продолжи Демар Дерозан, кој со своите 37 поени ја мина границата од 30 поени и по шести пат во првите седум настапи оваа сезона. Нешто што претходно им пошло од рака само на Мајкл Џордан и Бернард Кинг.

Репторси (5-2) славеа со 112:102 преку Дерозан и Кајл Лаури, кој го следеше 19 поени, девет скокови и 13 асистенции. Расел Вестбрук со 36 поени и по седум скокови и асистенции, но и осум загубени топки, беше најдобар кај Тандер (6-2).

Од синоќа на идентични 5-3 се ривалите од Тексас, Сан Антонио и Хјустон откако Рокетси на гостински терен славеа со 101:99. Со тоа тие им го нанесоа и третиот домашен пораз оваа сезона на Спарси, екипа која цела мината сезона само еднаш загуби на свој терен.

Кобен за Сан Антонио беше Џејмс Харден кој вечерта ја заврши со трипл-дабл од 24 поени, 12 скокови, 15 асистенции, но и осум загубени топки. Рајан Андерсон го следеше со 20 поени и осум скокови. Залудни за Спарси беа 34 поени на Кавај Ленард.

Тагови:
10.11.2016 - 10:18

Лајкнете не на Facebook