Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Кога Ник Јанг ќе ги земе работите во свои раце

Најинтересниот дуел синоќа во НБА лигата дефинитивно се одигра во Лос Анџелес каде Лејкерси со тројката на Ник Јанг на 5 секунди до крајот успеаја да ги совладаат Тандер со конечни 111:109.

Јанг буквално го зема во свои раце шутот за победа на својот тим откако нападот беше наменет за Лу Вилијамс, кој успеа да се ослободи на тројка. Сепак, Јанг го пресече тоа додавање и успеа да погоди спречувајќи колапс на неговиот тим кој имаше и +14 во дуелот со Оклахома Сити.

Јанг средбата ја заврши со 17, а Џордан Кларксон постигна 18 поени за сезонава одличните Лејкерси (8-7). Недоволен за пресврт и победа на Тандер (8-7) беше Расел Вестбрук кој 17 од своите 34 поени постигна во период од 5 минути во последната четвртина. На нив тој додаде и осум скокови, 13 асистенции и осум загубени топки.

23.11.2016 - 10:42