Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Луд финиш за победа и покрај -14 на минута до крајот

Loading Video...

Во кошарката кога имате предност од 14 поени на нешто над минута до крајот обично со една нога веќе сте ја обезбедиле победата.

Сепак, за да се слави работата треба да се заврши до крајот, лекција која на потешкиот начин на своја кожа изминатиов викенд ја научија играчите на универзитетот Њу Мексико кои имаа плус од 14 поени на нешто над минута до крајот од дуелот со Невада.

Противникот во луд финиш успеа да избори продолжение во последните секунди, а потоа во дополнителните пет минути со нова луда тројка, на две секунди до крајот, да дојде и до победата од 105:104 во еден од најневеројатните пресврти на сите времиња.

09.01.2017 - 12:41