Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

На Коби не му е до смеење

Лејкерси, кои во моментов го имаат четвртиот најлош скор во лигата, се среде една од најлошите сезони во својата долга и богата историја.

Покрај моменталнииот 41 пораз (и само 14 победи), клубот од Лос Анџелес немаше среќа ниту со повредите на Коби Брајант, кој е во „аут“ до крајот на сезоната и рукито Џулиус Рендл, кој веќе на почетокот од сезоната, по само 13 одиграни минути заработи скршеница на ногата.

Таквиот развој на настаните значи дека ретки се моментите кои Лејкерси имаат причина да се радуваат, а еден од нив беше победата по продолжение над Бостон во неделата вечер со која тие ставија крај на негативната низа од седум порази едноподруго.

Триумф за кој најзаслужен со својот личен рекорд оваа сезона од 25 поени беше Џереми Лин, кому во интервјуто по средбата непоканети му се придружија Ник Јанг, Џордан Хил и Карлос Бузер во прославата на победата.

Ситуација која барем малку им донесе насмевка на лицата на играчите и на фановите на Лејкерси. Поточно, на повеќето од нив, со исклучок на најголемата ѕвезда на тимот кој не присуствуваше на натпреварот и кој за таа прослава на неговите соиграчи еден ден подоцна беше запрашан од страна на Џими Кимел, домаќинот на „Jimmy Kimmel Live“.

Одговорот, познавајќи го карактерот на Брајант, беше очекуван.

Тагови:
24.02.2015 - 12:26

Лајкнете не на Facebook