Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Ол стар 2017 без Двејн Вејд, Крис Пол и Кармело Ентони

Една недела по објавувањето на стартерите синоќа беа објавени и имињата на резервите на двете конференции за Ол стар средбата која следниот месец се игра во Њу Орлеанс.

Само за потсетување, првите петорки се составени од Стеф Кари и Кевин Дурент (Голден Стејт), Џејмс Харден (Хјустон), Кавај Ленард (Сан Антонио) и Ентони Дејвис од Њу Орлеанс (ЗАПАД) односно Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг (Кливленд), Џими Батлер (Чикаго), Јанис Антетокумпо (Милвоки) и Демар Дерозан од Торонто (ИСТОК).

Сега се познати и резервите на двете конференции, избор на тренерите кој веројатно изненади многумина и во кој за прв пат по долго време нема некои добро познати имиња.

Поточно, публиката во Њу Орлеанс нема да има можност во живо да ги види Двејн Вејд (Чикаго), Кармело Ентони (Њујорк) и Крис Пол (Клиперс), а меѓу оние кои извисија се најдоа и Демиен Лилард од Портланд (трета година во низа прескокнат од тренерите, 2015-та играше откако беѓе дополнитено повикан), рукито Џоел Ембид од Филаделфија и одличниот сезонава центар Руди Гобер.

Ова ќе биде првиот Ол стар по 2004-та без еден од дуото Ентони - Вејд, додека  изненадување, и покрај неговата неодамнешна повреда, е неизборот на Крис Пол кој по повредата на Блејк Грифин ги одржа Клиперси во врвот на Западот.

Кога се во прашање имињата на резервите кои ќе ги видиме во Њу Орлеанс на Истокот тоа се - Џон Вол (Вашингтон), Ајзеа Томас (Бостон), Пол Милсеп (Атланта), Кемба Вокер (Шарлот), Пол Џорџ (Индијана), Кевин Лав (Кливленд) и Кајл Лаури (Торонто). 

На Западот резерви се Расел Вестбрук (Оклахома Сити), Клеј Томпсон и Дрејмонд Грин (Голден Стејт), Демаркус Казнс (Сакраменто), Диандре Џордан (Клиперс), Гордон Хејворд (Јута) и Марк Гасол (Мемфис).

Ол стар викендот ќе се одржи од 17 до 19-ти февруари во Њу Орлеанс.

Тагови:
27.01.2017 - 10:09

Лајкнете не на Facebook