Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Расел Вестбрук во стилот на Мајкл Џордан

Суперстарот на Оклахома Сити својата неверојатна сезона ја продолжи и синоќа во домашната победа на Тандер над Пеликанс.

По само 21 одигран натпревар од новата НБА сезона Расел Вестбрук може да се пофали со нешто за што некои играчи можат само да сонуваат - бројка од 10 трипл-дабл партии до која тој стигна со синоќешниот домашен триумф на Тандер над Пеликанс од 101:92.

Да биде остварувањето на Вестбрук, кој во моментов е на трипл-дабл просек oд 31.0 поени, 11.3 скокови и 10.8 асистенции, уште поимпресивно, ова е негова петта ваква партија во низа. Серија со која тој се изедначи со уште едно остварување за историја на едно од најголемите имиња во кошаркарската историја - Мајкл Џордан.

Според многумина најдобриот кошаркар на сите времиња исто така успеа, во сезоната 1988/89, да врзе пет трипл-дабл партии во низа. Поточно, серијата на Џордан траеше седум натпревари и беше дел од неверојатните 10 трипл-дабл вечери на Мајкл во 11 одиграни натпревари. Сепак, треба да се истакне и дека во таа сезона Џордан вкупно имаше вкупно 15 трипл-дабл настапи, само пет повеќе отколку што Вестбрук веќе има по 21 меч од оваа сезона.

Плејот на Тандер победата над Пеликанс ја заврши со 28 поени (10/23 шут од игра), 18 скокови и 12 асистенции. Секако, не треба да се заборават ни неговите 10 загубени топки со кои тој стана првиот играч по Џејсон Кид кому 2000-та му појде од рака вакво остварување, односно трипл-дабл на кој тој додаде и двоцифрен број на загубени топки.

Залуден за сезонава слабиот Њу Орлеанс беше Ентони Дејвис кој одново импресионираше со 37 поени и 15 скокови, но немаше некоја особена помош од соиграчите.

Тагови:
05.12.2016 - 10:38

Лајкнете не на Facebook