Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Рекордни 13 тројки на Стеф Кари, Клиперси и Тандер на 6-1

Еден натпревар по ужасните 0/10 за тројка во поразот од Лејкерси во Лос Анџелес, двократниот МВП постави нов НБА рекорд во победата на Вориорси над Њу Орлеанс. 6-1 за Тандер и Клиперси.

Од синоќа Стеф Кари може да се пофали со нов шутерски рекорд откако на својата листа на достигнувања тој го додаде оној за кој повеќето шутери сонуваат - најмногу постигнати тројки на еден натпревар.

Двократниот МВП на НБА лигата постигна рекордни 13 тројки во победата на Вориорси (5-2) над Њу Орлеанс од 116:106, надминувајќи го со тоа за една тројка своето најдобро достигнување, како и досегашните рекорди на Коби Брајант и Донјел Маршал.

Само три дена откако во поразот од Лејкерси не погоди ниту еден од своите 10 обиди за тројка, прекинувајќи ја рекордната серија од 157 натпревари со најмалку една тројка, Кари против Пеликанс погоди 13 од 17 обиди за три завршувајќи го мечот со 46 поени за својот прв настап со најмалку 40 поени оваа сезона откако минатата сезона беше најдобар со дури 13 такви партии.

Клеј Томпсон со 24 и Кевин Дурент со 22 поени му беа помош на Кари додека најдобар кај Пеликанс со 33 поени и 13 скокови беше Ентони Дејвис. Тимот на Њу Орлеанс со овој пораз има скор 0-7 и заедно со Филаделфија (0-6) остануваат единствени екипи без победа оваа сезона.

Својот скор на одлични 6-1 синоќа го поправија Тандер и Клиперси. Првите со 97:85 беа подобри на свој терен од Мајами додека Клиперси без многу мака со 114:82 беа подобри од Детроит.

Енес Кантер со 24 поени и десет скокови и Виктор Оладипо со 17 поени беа најефикасни кај Оклахома Сити за кои Домантас Сабонис додаде 15 поени и десет скокови, а Расел Вестбрук имаше 14 поени и 11 асистенции. Најдобар кај Мајами со 18 поени беше Џејмс Џонсон.

Во Лос Анџелес тимот на Док Риверс до 6-1 стигна без проблеми, решавајќи го името на победникот веќе во првото полувреме. Крис Пол со 24 и Џеј-Џеј Редик со 20 поени беа најдобри кај Клиперси, улога која кај Пистонси ја имаа Андре Драмонд со 15 поени и 12 скокови и Џон Луер со 14 поени.

Тагови:
08.11.2016 - 13:16

Лајкнете не на Facebook