Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Рекордни 60 поени за само 29 минути на Клеј Томпсон, серијата на Вестбрук продолжи и во Атланта

Бекот на Голден Стејт синоќа пред домашната публика додаде нов рекорд на низата рекорди кои Вориорси ги поставија последниве три сезони. Шести трипл-дабл во низа на Расел Вестбрук за победа на Тандер во Атланта.

Со тоа што, особено на офанзивен план, го прават последниве три сезони, Вориорси поставија некои нови НБА стандарди па така нивните остварувања делуваат сосема очекувано, иако за добар дел од нив повеќето екипи можат само да сонуваат.

Сепак, и покрај тоа тие успеваат одново да изненадат, а овој пат „виновникот“ за тоа е Клеј Томпсон со својата партија за НБА историја синоќа против Индијана (10-11). Ол стар бекот успеа во само 29 минути на паркетот да погоди 21/33 обиди од игра (8/14 за тројка) и 10/11 од линијата за слободни за вкупно 60 поени. Личен рекорд за Томпсон кој пред две сезони постигна 52 поени на мечот во кој со 37 поени во една четвртина постави нов НБА рекорд.

Овој пат Томпсон стана првиот играч кој успеал да постигне толкав број на поени за помалку од 30 минути на паркетот од воведувањето на ограничувањето на нападот на 24 секунди. Тој на клупата седна на нешто над минута до крајот на третиот период и воопшто не се враќаше во игра во убедливата победа на Вориорси (18-3) од 142:106. Томпсон можеше да се обиде да оствари една од најефикасните партии во историјата на НБА, но наместо тоа мораше да се задоволи со 66-тата партија од најмалку 60 поени на еден играч, 13-тата во последните 22 години.

Вечерта во НБА, покрај во знакот на Клеј Томпсон, помина и во знакот на Расел Вестбрук кој во Атланта ја продолжи својата историска низа. Тандер предводени од својот најдобар играч славеа со 102:99, а Вестбрук на крајот имаше 32 поени, 13 скокови и 12 асистенции за својот шести трипл-дабл во низа, само еден помалку од седумте такви партии едноподруго на Мајкл Џордан од 1989. година.

Предводени од Вестбрук, Оклахома Сити (14-8) имаат шест победи во низа, а за него ова беше вкупно 11-ти трипл-дабл оваа сезона. Недоволни за Хокси (10-12) беа 24 поени на Пол Милсеп.

Тагови:
06.12.2016 - 11:02

Лајкнете не на Facebook