Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Ретки порази за Кавси и Клиперси, Кари и Дурент посилни од Дерозан, Вестбрук подобар од Харден

Своите само втори порази сезонава синоќа ги доживеаја екипите на Кавси и Клиперси. Голден Стејт славеше во Торонто, Вестбрук и Тандер подобри од Рокетси.

Една од екипите кои најдобро ја започнаа новата НБА сезона секако се Клиперси кои се и првиот тим кој успеа да стигне до бројката од 10 победи. Сепак, својот 11-ти триумф тие не успеаја да го запишат синоќа на свој терен против Гризлис откако гостите од Мемфис славеа неочекувано со 111:107.

Марк Гасол и Мајк Конли беа лидери на Мемфис (6-5) постигнувајќи 30 односно 26 поени за својот тим. Одличен од клупата беше и Зек Рендолф со 18 поени, доволно за победа и покрај 29 поени на Џеј-Џеј Редик и 25 поени на Блејк Грифин. Потфрли Крис Пол со само девет поени и шест асистенции (шут 3/11) во нецели 34 минути на паркетот.

На скор 9-2 синоќа остана шампионот Кливленд кој без Леброн Џејмс им гостуваше на Пејсерси. Индијана (6-6) го искористи тоа за победа од 103:93 преку 21 поен и 11 скокови на Пол Џорџ и 20 поени и осум асистенции на Џеф Тиг. Тадеус Јанг ги следеше со 16 поени.

Во отсуство на Леброн, кој доби ден одмор, најдобри кај Кавси очекувано беа Кевин Лав со 27 поени и 16 скокови и Кајри Ирвинг со 24 поени.

Исто како и Кливленд на 9-2 од синоќа е и шампионот на Западот, Голден Стејт, кој со 127:121 славеше во Торонто. Стеф Кари со 35 и Кевин Дурент со 30 поени беа најдобри кај гостите од Оукленд, улога која кај Репторси (7-4) ја имаше сезонава одличниот Демар Дерозан со своите 34 поени. Кајл Лаури додаде 24 поени.

Најинтересниот дуел синоќа се одигра во Оклахома Сити каде домашните Тандер (7-5) во неизвесен финиш со 105:103 беа подобри од Хјустон (6-5).

Расел Вестбрук со 30 поени и девет асистенции беше клучен за победата на својата екипа, нешто во што голема помош имаше од Виктор Оладипо и неговите 29 поени и десет скокови. Кај гостите дури седум играчи имаа двоцифрен ефект, но ни тоа не беше доволно за триумф. Рајан Андерсон беше најефикасен со 14, а по 13 поени постигнаа Џејмс Харден, Ерик Гордон и Клинт Капела кој имаше и 14 скокови. Сепак, Харден и Гордон имаа очаен комбиниран шут од игра од 9/36 (4/17 за тројка).

Тагови:
17.11.2016 - 10:26

Лајкнете не на Facebook