Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Трипл-дабл просек на Расел Вестбрук!

Во синоќешниот дуел со Никси во „Медисон Сквер Гарден“ Расел Вестбрук влезе со само 11 скокови помалку од достигнувањето за кое повеќето други играчи можат само да сонуваат - трипл-дабл просек.

Остварување кое лидерот на Оклахома Сити го стигна по речиси само едно полувреме во Њујорк во средбата која Тандер на крајот ја добија со 112:103 и која гостите ја отворија со асистенција или директно постигнување на 16 од првите 18 поени од страна на Ветсбрук.

Ол стар плејот гостувањето го заврши со 27 поени, 18 скокови и 14 асистенции за својот 45-ти трипл-дабл во кариерата (осми оваа сезона) и ново изедначување со Леброн Џејмс на шестото место на вечната листа. Нешто за што овој пат му беа потребни само 20 минути на паркетот во Њујорк по што Вестбрук по 18 настапи оваа сезона е на просек од неверојатни 30.9 поени, 10.4 скокови и 11.3 асистенции.

Енес Кантер додаде 27 поени и десет скокови за Тандер (11-8) кои со 53:40 ги натскокаа Никси (8-9) кај кои својата најефикасна партија во новиот дрес ја пружи Дерик Роуз со своите 30 поени.

Тагови:
29.11.2016 - 10:20

Лајкнете не на Facebook