Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Вејд со победа се врати во Мајами, крај на серијата на Дурент, сефте за Пеликанс

Во својот прв НБА настап против тимот на Хит Двејн Вејд од Мајами си замина со победа од 98:95 на неговите Булси. Конечно прв триумф за Њу Орлеанс, крај на импресивната низа на Кевин Дурент.

Заминувањето на Двејн Вејд од Мајами во Чикаго дефинитивно беше еден од најизненадувачките потези изминатото лето во НБА. Потег кој особено ги изненади фановите на Хит кои синоќа имаа можност за прв пат да го видат својот поранешен симбол во дресот на една друга екипа.

Вејд и неговите Булси синоќа гостуваа во Мајами каде ол стар бекот беше одлично примен од својот поранешен клуб и публика, а Хит во еден од тајмаутите и му посветија видео со најубавите моменти од неговите 13 сезони на Флорида.

На крајот тој во својот нов дом во Чикаго си замина со победа од 98:95 во која учествуваше со 13 поени. Џими Батлер беше најефикасен со 20, а по 16 поени постигнаа Робин Лопез и Раџон Рондо кој имаше и 12 скокови. Хасан Вајтсајд со 20 поени и 20 скокови беше најдобар кај Мајами.

Тимот на Голден Стејт синоќа лесно, со 125:101 славеше во Денвер во натпреварот во кој беше ставен крај на импресивната низа на Кевин Дурент. Крилото на Вориорси дуелот со Нагетси го заврши со 18 поени, два помалку од потребните 20 за продолжување на серијата од последователни настапи со најмалку 20 постигнати поени. Со тоа Дурент застана на 72 настапи со 20+ поени во низа. Стеф Кари со 33 поени и Клеј Томпсон со 19 поени беа најефикасни кај гостите додека прв стрелец кај Денвер беше Џамал Мареј со 14 поени.

Конечно, во својот деветти настап оваа сезона тимот на Пеликанс успеа да ја оствари првата победа, славејќи синоќа во Милвоки со 112:106. Ентони Дејвис со 32 поени беше лидер на гостите од Њу Орлеанс додека еден поен повеќе од него кај Бакси постигна Џабари Паркер.

Четвртата победа во деветтиот настап синоќа на гости во Сакраменто ја забележаа Лејкерси кои со 101:91 беа подобри од Кингси преку 21 поен на Лу Вилијамс и 17 поени на Дианџело Расел. Демаркус Казнс со 28 поени беше најдобар кај Кингси.

Тагови:
11.11.2016 - 11:26

Лајкнете не на Facebook