Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

По Мелбурн, Федерер гледа и кон тронот на Вимблдон

Според Швајцарецот, негова најдобра следна шанса за запишување и на 19-от Грен слем трофеј ќе биде овогодинешниот Вимблдон.

Легендарниот Швајцарец во неделата го комплетираше големото изненадување освојувајќи го својот 18-ти Грен слем во кариерата откако со 3:2 во сетови во финалето на Австралија опен беше подобар од Рафаел Надал.

За Роџер Федерер ова е петта титула во Мелбурн, прва грен слем круна уште од Вимблдон 2013-та, турнир на кој ветеранот ќе оди на својот 19-ти грен слем.

Сево ова и за мене е големо изненадување. Нешто слично на мојата титула во Вимблдон освоена 2003. година, но во исто време и сосема различно од тој трофеј. Мислев дека ќе бидам опасен за некој од најдобро рангираните и дека потоа нема да можам да го совладам следниот. Чисто поради моите години и телото кое сепак не ми откажа и до крајот беше на високо ниво.

Секако дека Вимблдон сега е мојата следна шанса за нов грен слем трофеј. Сепак се игра на трева на која ќе играм повеќе турнири. Сметам дека имам добри шанси и на Ју-Ес опен, но има време за тоа, прво да уживам во овој успех“ - изјави 35-годишниот Федерер, кој со триумфот во Мелбурн се искачи на 10. место на АТП листата. 

Тагови:
31.01.2017 - 10:14

Лајкнете не на Facebook