Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Suzuki го освежи SX4 S-Cross

Компактниот кросовер на Suzuki доби освежување пред саемот на автомобили во Париз.

Компактниот кросовер на Suzuki има многу фанови – квалитетот, издржливоста и робустноста се традиционални вредности на јапонскиот производител. Сепак, со фејслифтот на SX4 S-Cross, Suzuki го освежи популарниот кросовер и го доведе во линија со остатокот од моделите во гамата.

Освежениот лик – кој признаваме дека нема да биде по сечиј вкус – носи нов преден браник, нова маска на ладилникот, нови предни светла и нов поклопец на моторот.

Истакнатата хромирана маска на ладилникот е наменета да асоцира на тековната Vitara. Како и предниот, така и задниот дел има претрпено измени, но таму се значително подискретни – малку се изменети задниот браник и светлосните групи.

Според најавеното, S-Cross треба да го добие новиот 1.4-литарски Boosterjet турбо-бензинец кој испорачува 140 коњски сили и 220 Nm вртежен момент, а се најавува дека S-Cross можеби ќе го добие и новиот 1-литарски турбо-бензинец. Она што останува непроменето е 1.6-литарскиот турбодизел кој ќе остане најпопуларен избор. Секако, сите мотори можат да се комбинираат со погон на предните или сите четири тркала.

Преземено од CarClub.mk.

Тагови:
28.07.2016 - 16:35

Лајкнете не на Facebook