Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Фејсбук им објави војна на „шокантните“ статии

Благодарение на нов анти-кликбејт алгоритам, на Фејсбук се помалку ќе ги гледаме статиите од типот: „Си стави лук во чевлите, она што се случи следно ќе ве вчудоневиди (ФОТО+ВИДЕО)!“

За да го создаде алгоритмот, Фејсбук рачно класифицирале десетици илјади наслови според тоа колку предизвикуваат кликови врз основа на лажни и сензационалистички фрази.

Колку повисоко котираат на скалата за кликбејт, толку помалку тие статии ќе бидат видливи за публиката на Фејсбук.

„Ако постирате 50 пати на ден, а само еден од насловите е кликбејт, алгоритмот нема да ви биде никаков проблем. Ако се што постирате е кликбејт, алгоритмот ќе има огромно влијание“, изјавил потпретседателот на одделението за менаџмент на производи, Адам Мосери.

Сепак, доколку сајтовите ја сменат политиката и почнат да пишуваат нормални наслови, читаноста и видливоста на статиите повторно ќе се врати.

 

 

 

Објавено во интернет | 05.08.2016 - 09:35
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Патувањето најдобро се мери во пријатели, а не милји  „

Тим Кахил