Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје

На 5 декември во 18 часот, во МКЦ клуб ресторан во Скопје, ќе се оддржи нешто сосема новo кога се InTech MeetUp настаните во прашање. Овојпат, посетителите на InTech X ќе имаат можност да се запознаат и научат нешто ново од некои од клучните фигури во Massive Interactive.

На овој бесплатен настан (регистрирајте се тука), присутните ќе имаат прилика да чујат зa “Multi-platform UI, from Hybrid to Native” од Philippe Elsass, Director of UI Architecture во Massive Interactive, кој со присутните ќе ги сподели своите исксуства од предизвиците и пречките со кои Massive се соочувал преминувајќи од хибриден кон целосно нативен UI development наменет за голем број на уреди и за “The Bleeding Edge of .NET Development” каде Andrew Kazyrevich, Principal Architect - Massive Interactive, ќе се обиде да ги разбие митовите дека .NET заостанува зад другите модерни програмски јазици.

Подгответе се за незаборавно искуство додека Andrew ве води низ светот на Docker Containers, Linux deployments и AWS internals во целост подржани од .NET Core. Додека, Alex Krupnov, VP of Engineering ќе каже збор-два за најважните достигнувања и предизвици на Massive Interactive.

Зад организацијата на овој настан стои InPlayer, а на наше големо задоволство, овој InTechx е поддржан од нашите партнери Massive Interactive.  Како поддржувачи на настанот се јавуваат IT.mk, Piksel, Inovativnost.mk, Brainster, Семос едукација, Startup Macedonia, Радио МОФ, Метрополис радио и Smartportal.mk

Се гледаме на 5-ти декември во 18 часот во МКЦ клуб ресторан. (регистрирајте се тука).

За повеќе информации, следете го настанот преку социјалните профили наFacebook,Twitter или преку #intech хаштагот.

Објавено во интернет | 17.11.2017 - 09:52
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Зад секој успешен маж стои жена што превртува со очите. „

Џим Кери