Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

ЈП ПОЦ денеска ја претстави првата мобилна паркинг апликација!

Директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Саша Богдановиќ на денешната конференција за медиуми ја претстави мобилната апликација за паркинг услуги за корисниците и жителите на Општина Центар.

Следејќи ги глобалните трендови во технологијата, во насока на задоволување на современите потреби на корисниците на паркиралиштата кои се под ингеренции на Општина Центар, ЈП Паркинзи на Општина Центар разви и ја стави во употреба апликацијата за мобилни уреди – ПОЦ, изјави директорот Саша Богдановиќ.

Мобилната апликација овозможува брзо и едноставно добивање на сите потребни информации во врска со паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар, статус на корисничките договори, плаќање на паркинг услуги со СМС, купување на Припејд дневна паркинг карта, најава на гости, плаќање на Дневна паркинг карта со електронски картички, известувања и новитети“.


Апликацијата е достапна за Android и iOS платформите. Сè што треба да се направи е да се симне апликаијата на ПОЦ со кириличен фонт од Google play или од App store, во зависност од тоа кој оперативен систем го користите. За сите дополнителни информации околу апликацијата граѓаните можат да се информираат на интернет страницата на ЈП Паркинзи на Општина Центар www.poc.mk и во контакт центарот на телефонскиот број 072 251 251.

Објавено во мобилни | 12.04.2017 - 15:35
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Секогаш запаметете дека сте апсолутно уникатни. Исто како и сите други „

Маргарет Мид