Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

ЕУ 2017-та: нема роаминг, има нет неутралност

Големите телефонски сметки кога сте во странство за две години ќе станат само непријатен спомен, според новата спогодба на Европската комисија.

Компромисот бил постигнат денес после крајните преговори меѓу Европската комисија, Европскиот парламент и Советот. Со него се предвидува:

Крај за роамингот во јуни 2017-та година - Кога патуваат во ЕУ, корисниците на мобилна телефонија ќе можат да зборуваат по истите цени како и дома, без дополнителни трошоци.

Правила за нет неутралност со кои ќе се штити правото на секој Европеец да пристапи до одредена содржина на интернет, без дискриминација.

„Европејците повикуваа на укинување на роамингот и бараа правила за нет неутралност. Нивниот глас беше слушнат. Сè уште имаме многу работа пред нас, а очекуваме работите да се забрзаат“, изјавил Андрус Ансип, потпретседателот на Единствениот дигитален пазар.

Од април наредната година, роамингот ќе стане уште поевтин.

Објавено во разно | 30.06.2015 - 15:53
Тагови:

Лајкнете не на Facebook