Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

InTech MeetUp #3 на 6 јуни во АБЦ Кафе Бар

На 6 јуни, во АБЦ Кафе Бар во Скопје, ќе се оддржи третиот InTech MeetUp. Овојпат, имаме говорници кои ќе ни зборуваат за новитетите во технологијата и гејмингот. 

Pixel.mk 

На дво-часовниот бесплатен настан, говорници ќе бидат:

Митко Цабевски

Секогаш во чекор со најновите технологии и демонстрација на високи перформанси во полето на проектниот менаџмент, со повеќе од 10 години искуство во развивање на продукти и маркетирање на истите. Како сериски претприемач, Митко има основано неколку компании: Tagger, Ambio и uPlug. Митко ќе ни зборува за „The next big TECH“. 

Наум Михајловски

Game Designer кој моментално работи во TabTale. Неговиот интерес за game design почнува од многу одамна. Благодарение на Наум беа имплементирани повеќе промени во Heroes III. Покрај небројаните часови играње видео игри, Наум е дел и од идејата за првиот македонски подкаст за игри GG TV MK, кој е што опстанува веќе неколку години на нашите простори.

Милан Тасевски

Милан Тасевски е дваесет и седум годишен гејмер, музичар и музички продуцент, game and graphic designer. Сè уште е студент на машински факултет ама тоа не го спречи да ја развие првата негова игра Small Star Empires и да ја основа компанијата Archona Games. Во 2016 компанијата имаше успешна kickstarter кампања за која ќе раскажува повеќе на InTech MeetUp #3.

На наше големо задоволство, третиот InTech MeetUp, е потпомогнат од нашите пријатели и спонзори SPARKASSE BANK MAKEDONIJACosmic DevelopmentSMS Construction и Piksel, а зад организацијата на овој настан стои  InPlayer и Braisnter

Се гледаме на 6 јуни во 19:30 часот во ABC Cafe Bar. (регистрирајте се тука).

За повеќе информации, следете го настанот преку неговите друштвени профили на Facebook, Twitter или преку #intech хаштагот.

Објавено во разно | 30.05.2017 - 10:52
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Црна мачка што ти го пресекува патот значи дека животното оди некаде. „

Гручо Маркс